Борбата co тешкотиите
1. Старецот рече:
„Кога човекот верува во Бога, во Христа и во идниот живот, за него овоземниот живот станува пуст и тој чувствува потреба да си подготви пасош за другиот (живот).
Ако некој го навреди, нека се радува, затоа што така придобива нешто за небесниот живот. Колку еден човек трпи навреди од другите во овој живот, толку се обогатува во идниот”.
2. Старецот рече:
„Малку се луѓето коишто можат да ja поднесат несреќата. Повеќето страдаат затоа што не ja разбираат најдлабоката смисла на животот. Кога некој ќе ја разбере длабоката смисла на животот, тогаш сите нешта се движат правилно .
3. Старецот рече:
„Човек, којшто не верува во Бога и во идниот живот, ја осудува својата бесмртна душа засекогаш и во овој живот живее без утеха. Ништо не може да го утеши. Стравува дека ќе умре, се притеснува, оди кај психијатри коишто му даваат таблети и го советуваат да се позабавува. Човекот ги зема таблетите и станува замаен, а потоа оди тука и таму за да разгледува некои знаменитости и да заборави на болката”.
4. Отецот Пајсиј велеше:
„Еден учител имаше седум-осум деца. Беше на околу педесет години. На едно од децата му излезе нешто на окото. Го испитуваа, открија тумор и му го извадија окото. Сите деца во училиштето му се потсмеваа на несреќното дете.
Како да се утеши кутрото? Си помислив да му помогнам. Затоа што беше на дванаесет години и некои нешта веќе ги разбираше. Кутрото не знаеше што е утеха. My реков на учителот дека душите, коишто ja пресретнуваат несреќата co славење на Бога, во идниот живот ќе бидат заедно co исповедникот Пафнутиј, кому му го извадиле окото заради неговата љубов кон Христа.
Кутриот учител го разбра тоа и скокна од радост. Тоа не беше лажна утеха, тоа беше вистина. Тој виде дека тука нема неправда, затоа што Бог не прави неправда. Верувам дека во денот на Судот Бог ќе го награди тоа дете”.
5. Старецот рече:
„Жалостите го очистуваат и просветлуваат човекот. Нема ништо повозвишено од тоа. Важна е и молитвата
‘Господе Исусе Христе’…
Блажениот отец Тихон велеше дека Господе Исусе Христе чини сто драхми, а ‘Слава Тебе, Боже’ – илјада драхми. Тој сакаше да каже дека ‘Слава Тебе, Боже’ има многу поголема вредност.
Ако првото е неопходност којашто човекот ја чувствува и, сака – несака, треба да ја бара од Бога, второто e подвиг: човекот трпи и My благодари на Бога!”
6. Старецот рече:
„Човекот треба да се радува кога постапуваат неправедно co него, но не треба намерно да го бара тоа, бидејќи во таквото дејствие нема љубов”.
7. Старецот рече:
„Кога постапуваат неправедно co вас, примете го тоа како голем благослов”.
8. Старецот рече: „Кога постапуваат неправедно co некого, тој треба да гледа на напаѓачот како на свој добротвор, бидејќи тој му собира богатство за идниот живот. Бог знае нешто друго.
Тој гледа подалеку и како добар Татко сака секој човек да биде co Hero во рајот. Тој му го дава секому тоа што ќе му помогне да си го достигне рајот.
Тоа може да биде искушение, а може да биде и нешто друго. Ho, човекот треба да го разбере тоа и да не се вознемирува. Bo спротивно, ќе изгуби дел од својата награда”.
9. За тоа како треба да се соочуваме co искушенијата, старецот говореше:
„Да си замислиме дека сум се родил инвалид, без раце и нозе, целосно неподвижен и неспособен да се движам. Ако го примам тоа co радост и славословие, Бог ќе ме приброи меѓу исповедниците.
Толку малку треба да направам за да ме приброи Бог меѓу исповедниците! И кога самиот ќе се удрам co автомобилот во карпа и кога ќе го примам тоа што се случило co радост, Бог ќе ме приброи кон исповедниците. Што повеќе од тоа можам да сакам? Бог ќе го признае дури и резултатот од моето сопствено невнимание, ако го примам co радост”.
10. Старецот рече:
„Многумина не се соочуваат правилно co искушенијата и се жалат. Во некои случаи се префрлува дури и на родителите. Но, што се виновни тие? Луѓето го даваат тоа кое можат да го дадат како луѓе. Го даваат телото, а душата ја дава Бог. Според тоа, Бог заедно co човекот создава човек. Тогаш, зошто се виновни родителите ако детето се роди инвалид?”
11. Старецот рече:
„Бог ни испраќа благослови за да ни го подари рајот. My ги испраќа на секој човек. За жал, ние ги пропуштаме тие благопријатни случаи. Доколку можете, дочекувајте ги искушенијата co радост и славословие и разбирајте ја нивната најдлабока смисла за да најдете мир во овој свет”.
12. Старецот рече:
„Ако во овој свет го исполниш тоа што си должен, ќе се спасиш. Ако додадеш уште нешто кон него, ќе добиеш и монета повеќе. Ако некој добие ќотек неправедно, ќе добие полна награда. Луѓето co нajблагочестив живот често трпат искушенија и ним им се случува најлошото.
Други, гледајќи го тоа, се прашуваат зошто Бог го допуштил тоа. Ќе ви дадам пример. Постои едно многу добро семејство. И мажот, и жената, и децата се многу добри. Сите се воцрковени, сите постат, се причестуваат итн.
Еден ден се појавува некој пијаница или лудак, го удира сопругот и го убива без причина. После тоа, луѓето коишто ce далеку од Бога, велат:
‘Ете, видете го. Одеше co крстот во раката и затоа пострада’. Но, тоа е бесрамност. Треба да знаеме дека Бог допушта да умираат и сосема невини луѓе, за да им даде можност на оние крајно бесрамните луѓе да го кажат тоа што добриот разбојник на крстот му го кажал на оној што хулел на Христа:
‘He ce плашиш ли од Бога? Ние страдаме праведно, а овој Човек не направил ништо. Зарем не се плашиш од Бога?’ ”
13. Старецот рече: „Бог допушта некои да пострадаат без вина, за да им даде можност на бесрамните да се освестат. Тие коишто трпат без вина, можат да станат највозљубените Божји чеда. Верувам дека во рајот Бог ќе им рече: ‘Изберете си го најдоброто место’.
Ете зошто, кога си ги бараме правата, губиме се’. Си го губиме и спокојството, си ја губиме и наградата на небесата”.
Пренесено од книгата “Да ја претвориш туѓата болка во своја” (Поуки на светогорскиот старец Пајсиј) од отец Дионисиос Тацис