Добро е што луѓето се жедни за едноставност и што дојдоа дотаму што од неа направиле мода, иако не се чувствуваат едноставно. Некои доаѓаат на Света Гора облечени во избледена облека.
Се мислам: „Па, тие не работат по ниви, зошто така изгледаат?”
Некои природно зборуваат едноставно и тоа те радува. Други се трудат така да зборуваат и од тоа ќе ти се смачи. Има и некои што доаѓаат co кравати… Од една крајност во друга. Еден имаше шест – седум кравати co него. Едно утро се подготвил, ја врзал својата кравата, го облекол костумот…
– Што правиш? – го прашале.
– Се подготвувам да го посетам старец Пајсиј.
– А зошто си се облекол така?
– Па, за да му укажам почитување – им одговорил.
Бре, до каде дојдовме!
Ha луѓето им недостасува едноставност; затоа се’ е вака несредено. Кога духовните луѓе не живеат едноставно, туку се наоѓаат во застој, не им помагаат на младите.
Затоа младите, немајки никаков вистински пример, живеат како скитници. Зашто кога ќе здогледаат вообразени христијани, луѓе co затегнати кравати, како по некој калап, во нив не наоѓаат никаква разлика од луѓето од овој свет и негодуваат. Кога би виделе едноставност кај духовните луѓе, не би дошле до таква состојба.
Денес младите го следат светскиот дух, а христијаните, пак, светскиот поредок. „Ние, христијаните, треба да одиме вака, така треба да го направиме ова, така треба она…” И тоа не го прават од срце, од побожност, туку затоа што „така треба”.
Тогаш и младите велат:
„Што им значи тоа? Одат в црква стегнати околу вратот! Ајде, бре!”, креваат раце од се’ и се враќаат голи. Одат во друга крајност. Разбираш?Сето тоа го прават поради револт. Иако имаат идеали, немаат примери и затоа се достојни за сожалување.
Затоа е потребно да ги боцнеме во ревноста и да ги трогнеме co едноставноста на животот. Се револтираат и се разлутуваат кога духовните луѓе и свештениците се обидуваат да ги задржат co светски методи. Но кога ќе наидат на скромност, едноставност и искреност, тогаш подлабоко размислуваат за се’.
Зашто кога некој е искрен и не мисли на себе, тогаш тој е едноставен и смирен. Сето ова го успокојува, како него самиот, така и неговите блиски. Секој чувствува дали сострадуваш или лицемериш.
Еден хулиган е подобар од еден лицемерен христијанин. Затоа не треба да се чува на лицето некоја насмевка на лажна љубов, туку треба да се однесуваме природно; ниту злоба, ниту лицемерност, туку љубов и искреност.
Најмногу ме трогнува кога некој е добро поставен во себе. Односно, кога има почитување и вистинска љубов, кога се однесува едноставно, а не како по некој шаблон. Зашто човекот тогаш останува само на надворешните работи и се изградува надворешен, лажен човек.
Внатрешната чистота на убавата душа на вистинскиот човек ја разубавува и неговата надворешност. Тогаш сладоста на Божјата божествена љубов го засладува дури и неговиот изглед.
Внатрешната убавина на душата, освен што го разубавува и го осветува човекот духовно, правејки го истото и co неговата надворешност, ја открива co божествената благодат, ја разубавува и ја осветува дури и грдата облека што ја носи благословениот Божји човек.
Отец Тихон од парчиња од расо самиот шиеше скуфии co дебела игла, а ги шиеше како кесе и како такви ги носеше, но тие просто зрачеа co благодат. Што и да облечеше, без разлика колку беше старо, тоа на него не изгледаше грдо зашто се’ се разубавуваше co внатрешната убавина на неговата душа.
Еднаш го фотографирал некој посетител, онаков каков што бил, co една кеса наместо скуфија и co една пижама што тој мy ja ставил преку рамото, забележувајќи дека му е ладно на старецот. И денес сите што ќе ја видат таа фотографија на отец Тихон миспат дека облекол владичка мандија, a тоа било само една стара, шарена пижама.
Луѓето дури и неговите партали побожно ги гледале и ги земале за благослов. Повеќе вреди еден таков благословен човек кој однатре се променил, а однадвор се осветил, од сите луѓе кои непрестајно се менуваат само однадвор, пресоблекувајќи ја облеката, а внатре го чуваат својот стар човек co археолошките гревови.
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец