По повод утрешното пристигнување на благодатниот оган во нашата држава, МПЦ информира подетално:

Возљубени,

Ве информираме дека благодатниот оган за којшто беше најавено во јавноста дека од Ерусалим преку Софија годинава ќе биде пренесен и во Р. Македонија, се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром „Скопје“ на 07.04.2018 г., во периодот меѓу 19.30 – 20.00 часот. Оттаму истиот ќе биде преземен од претставници и пренесен по епархиите и храмовите низ државата.

Се покануваат заинтересираните медиуми да го проследат настанот.

Добро Воскресение!

ИЗВОРМПЦ
Претходна статијаГОЛГОТА (Via Dolorosa)! (Патот пo кој луѓето го воделе во смрт Спасителот на светот – доловено подетално)
Следна статијаМитрополит Наум: ДЕЦА НА СВЕТЛИНАТА