Покајание

Ве молам да ни кажете накратко што значи страсна недела, страдална седмица.

Дали сите верници треба да постиме без зејтин и што друго да правиме или не правиме?

Благодарам за одговорот

Одговор на отец Горан:

Страсна или страдална седмица во која си спомнуваме за Христовите страдања кои ги претрпе нашиот Спасител за човекот и светот, се даде Себе си за нас кои сме држени во робството на гревот, смртта и ѓаволот.

Потребно е сите како ни е благословено од духовниот отец при исповедтта да земеме учество во страдањата Христови за да бидеме учесници и во Христовото Воскресение.

Нешто најмалку шти можеме да направиме е тоа да постиме и да се молиме!

 

Претходна статијаАНГЕЛИ!
Следна статијаДАЛИ БОГ КАЗНУВА?