Здраво!

Дали може да ми одговорите:

Како се упокоија Адам и Ева ?

„Во оној ден кога ќе вкусите од дрвото на познанието на доброто и злото..“

Што се случило со нив?

И како физички умреле? Прашав свештеник ми одговори –  како луѓе умреа. 🙂

Немам подетално  било каде сретнато за  да прочитам, затоа прашувам.

За  нивната телесната смрт за земниот живот сакав да знам .

Како се упокоија?

Благодарам

Одговара отец Горан:

Со гревот смртта влезе во светот, вкусувањето од дрвото на познанието е прво духовна смрт предизвикана од непослушанието. Во Светото Писмо се вели дека Адам поживеа 930 години и потоа тој умре (Битие 5,5).

Гревопадот ја внесе физичката смрт, како последица на духовната. А, во Првото послание до Коринтјаните се вели, Христос стана првина за умрените, и како по Адам сите умираат, така и во Христа сите ќе оживеат.

И Христос ја вкуси смртта, но бидејќи во Него грев немаше со Својата смрт ја победи смртта, затоа сите оние кои веруваат во Христовото Воскресение и се крстени во Неговата смрт преку вода и Дух, носејќи го својот крст подражавајќи го Христа во искушенијата, надминувајќи ги низ подвигот преку благодатта која по крштевањето ја стекнуваат т.е. обновуваат преку светите Тајни на Црквата, исповед, пост, молитва и причест стануваат и учесници во воскресението.

Христос ја победи гревот, смртта и ѓаволот, и барајќи ја заедницата со Него низ светите тајни смртта во Него значи премин кон Воскресение и живот вечен.

Редовното читање на Светото Писмо е од особено значење за еден православен христијанин, не само како информација со која ќе се стекнеме, туку и начин како да постапуваме, Отците велат, дури и напамет да го знаеш Писмо не престанувај да го читаш!

Претходна статијаСЕ НАВЕДНАВ И УМСТВЕНО ПИЕВ ВОДА (Прозорливоста на старец Порфириј)
Следна статијаМОЛИ СЕ ЗА СИТЕ!