(ДОЛГА СКРУШЕНА МОЛИТВА)

Владико Господи, Боже на небесното и земното, на видливото и невидливото, види и слушни го блудниот и грешниот кој уште еднаш стои пред Тебе, co многуте свои прегрешенија. Помилуј ме, милосрден, мене осквернетиот co душата и телото и смилувај се на мојот грев.

Бидејќи ги има многу и co тежината ги надминуваат небото и земјата, скврнавејќи ги синовите човечки. Затоа не ме отфрлај, Господи мој, од Твоето лице и од помошта Твоја, голем и страшен во својата вселена, туку како што си ги благословил Авраам, Исаак и Јаков, благослови ме и мене, чудотворче и милостивче, освети ми ја душата и телото, умот и срцето, устата, очите и ушите, чувајќи ми ги сите сетила од примањето на туѓите придвижувања.

Да, Господи на духовните сили, небесните војски кои го опкружуваат страшниот Твој престол, во неискажлива пофалба и непрестајно славословие на светото Твое име, не ме презирај мене, како срамна и злосмрадна страст и не оставај ме без заштита, туку помогни и’ на мојата ништожност и мрзливост, Владико многумилостив.

Ти Кој го слезе Јаков во Египет и Твоето чедо Јосиф го избави од братската омраза и злиот порив, па цар на Египет го покажа, покажи ме и мене цар над секоја скверност по тело и по дух, избавувајќи ме од гревот на прељубата и од бедата на нечистите страсти.

Слушни ме Свет и Трисвет. Ти Кој го возвеличи Твоето Свето име во Твојот слуга Jов, возвеличај ме и мене во силата на Твоето царство, Себлаг.

 

Ти Кој го избави израелскиот народ од египетското ропство, a co огнениот столб и облак ги поведе во ветената земја, истиот Си и сега Господи Боже на се’. Подај ја Твојата страшна рака, невидлива, силна, прославена и благослови ме Боже мој, Спасителу мој, животу мој и светлино моја.

Зарадувај ме во божествената љубсв Твоја. И ако нешто згрешив, сакајќи или не сакајќи, како благ и човекољубив Бог прости, покажи сострадување, милосрдие, смилувај се, сожали се, отпушти, остави, единствен безгрешен.

Удостој ме безбедно да поминам по злобното море на овој суетен живот и да запловам во блажената земја на бестрастието и вечниот живот.

Наместо co огнен столб, co Светиот Твој Дух осветли ми го патот. Наместо облаци, излиј ја Твојата премудрост и во Твојот спокој поведи ме. Наместо Мојсеј, Ти еднородно Слово на Отецот, co Твојата десница прифати ме и воведи ме во големиот небесен дворец co непоимливи чудеса, извлекувајќи и избавувајќи ме од огнената геена, како мој милосрден чувар.

Господи, Боже на силите, кој ја прими крвта на Захариј како чиста жртва, прими го како чисто и моето бедно срце на мисловниот и бескрвен Твој жртвеник. Осветли ме и засветли и направи ме бестрасен.

Ти Кој соборот на Светите Апостоли го расеа по сета вселена, кажувајќи им: Појдете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, по нивните молитви вразуми ме, освети ме, направи ме добар, скроти ја скаменетата душа која секогаш страда од мноштвото мои согрешенија.

Владико Господи Боже, Ти Кој го покажа Петар првоврховен мегу апостолите и голем клучар во небесното Царство, no неговото застапништво, отвори ми ги дверите на рајот, отвори ми ја утробата на Твоето сострадание, утврди ме на цврстата карпа и непоколебливата Твоја заповед, а која Си Ти, Христе Боже, Спасителу мој.

Бидејќи пиеја, вели Писмото, од духовната карпа Kоja ги следела, а карпата беше Христос. На таа карпа утврди ме, Христе Боже, за да не ме поколеба во верата во Тебе лукавата змија, мене кој Ти воскликнувам славословење: Свет Си, Господи и Тебе Те славословат сите сили небесни.

Ти Кој Си го покажал пресветлиот Павле првоврховен меѓу апостолите и голем учител на слаткиот и медоточен род христијански, Владико Христе Боже, по неговите молитви направи ме и мене светол богослов, пресладок и украсен co секоја мудрост, правејќи ме co Твојот Дух чесен сад, непорочен, избран, таков да го љуби Твоето Божество, запалувајќи ме така што co честота да блескам како небесна светлина.

Господи, Боже на ангелите, прославен, слушни ме бедниот и грешниот. Исусе, пренепорочен породе на Отецот, Кој му ги даде богонапишаните плочи на Мојсеј и ја потврди тајната во грмушката, дувни го и во мене Твојот Свет Дух и покажи ме целиот боговиден, чист, недопрен, исполнет co благодат и вистина, мудрост и познавање на Бога.

Милостив, Свет, Кој на Исус Навин му ги даде трубите со кои тој ерихонските ѕидини ги урна, дарувај ми ја и мене штедро, Боже, Твојата премудрост за co неа да ги соборам злочесните демони и да ги разбијам како грнчарски сад. Ти Кој од Ароновите раце го прими огнот како чист, прими го и бедното мое срце.

Ти Кој Си првосвештеник no чинот Мелхиседеков, no молитвите на тој блажен маж покажи ме и мене Твој подражател, за како што Ти стана послушен до смртта на бесмртниот Твој Отец, и тоа смрт на крст, така да бидам и јас подготвено послушен на Твоите заповеди до смртта.

Владико Господи, Боже, превозвеличен и пофален, Кој Илија го прими во огнена кочија која во воздухот се вознесе, прими ме и мене, Животодавче, од темнината на гревот во светлината на правдата.

Ти, Кој му пружи на Елисеј двојна радост, пружи ми ја и мене таа благодат стопати повеќе, воведувајќи ме во живот вечен.

Ти, Кој пророкот Јеремија од нечистата јама го избави, Христе Боже, избави ме и мене од јамата на блудот, од прелеста и измамата и калта на суетата.

Ти Кој утробата и сетилата на Давид ги распали co Твојот копнеж и љубов кон Твојата благост, бидејќи блажениот горел co жед кон Тебе Кој многу ги сакаш оние што копнеат по Твојата моќ, го молам Твоето големо Божество, Човекољупче, распали ги и моите бубрези и срце и сите сетила разгори ми ги за да Те љубам и копнеам по Тебе, та горејќи co огнот на Утешителот да Ти пеам Тебе, Кој се надгледуваш и ги испитуваш срцата и бубрезите.

Се запали срцето мое во мене и во моето размислување ќе согори огнот. A тој оган го нарекувам големиот Утешител, Духот на вистината.

Господи мој Исусе Христе, најпревосходна насладо која во бестрастие ја водиш мојата сиромашност, Кој Исаија го покажа највелегласен co страшната труба која громогласно ечи, покажи ми ги и мене, Исусе Боже мој, co трубата која гласно труби, тајните на Твојот Домострој, за co неа да ги изгорам мрачните демони.

Дарувај и покајание на скверната и суетна душа моја, и ќе се спасам. Ти Кој го овенча соборот на пророците и апостолите и сите Твои светители ги прослави и ги освети, по нивното застапништво, Боже мој, Цару мој, спаси ја душата на нашиот христијански род, а посебно на секој монах, против кого страшно војуваат лукавите демони.

Дај спокој, Боже, на оние што кај Тебе се преселиле од овој привремен живот. Олесни го, Владико, товарот на непосветените. И врати ги, Господи мој, суетните и распуштените кон покајание, од кои прв сум jac, грешниот и злосмрдниот.

Ha сите направи им добро, сите помилуј ги, сите осветли ги, поштеди ги сите што Те познаваат како вистински Бог, Христос, Божја сила и Божја премудрост. Нека co една уста од сите се славопои сечесното и великодостојно име Твое, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Пренесено од книгата “Свети Нифонт – подвижник меѓу епископите”

М. Д.

Претходна статијаСАКАЈ ГИ СИТЕ КАКО НАЈБЛИСКИ, БЕЗ ОБЗИР НА ВЕРАТА И РАСАТА..
Следна статијаНО, ЗАРЕМ ТИ СИ БЕЗ ГРЕВ? (Да се преслушаме…) Свети Јован Кронштатски