Првин на покајние, фала зoшти имаме шанса да си поставиме прашање . Одговорите на отец Горан редовно ги читаме.
Отец Горан имам две прашања:
Понекогаш гледам кога сум црква жени како ги палат однопачки свеќите. Што значи тоа? Некаде слушнав дека тоа било за оние што ги мразат да им оди на лошо.
И второ:
Имаме мали деца и сакаме на причесна да ги однесеме. Се плашиме дали од истата лажичка може да ни се разболат децата од некој грип и друго.
Фала ви, сакаме да ја решиме ваа дилема што подолго не мачи
Поздрав од Марија и Светле
ОДГОВОР на отец Горан:
Искрено за палење свеќи наопаку, првпат слушам и да имаат некакво образложение освен ако не го виделе фитилот, станува збор за некакво суеверие, но да се надеваме дека е случајно.
Крстени деца до осумгодишна возраст можат да се причестуваат секоја Света Литургија во неделите и за празниците, оти на тој начин не само што го обновуват печатот на своето крштение, туку и растат во амбиентот кој е нормален за крстени деца.
Оние дечиња кои се малечки (под пет години) и на кој им е неопходно вода, млеко, сок или малку храна нека примат и нека се причестат.
Од Путирот се дава Самиот Христос кој има власт над секоја немоќ, така воопшто не се плашете туку пристапувајте со вера, грипот е минлив, Господ е вечен и ние исто ако сме со Него и Он во нас.
Поздрав и секое добро во Бога.