А за монасите, што да се каже?
Воини кои ја водат невидливата борба на доброто наспроти злото, кои преобразувајќи се себеси, го преобразуваат светот, кои молчејќи говорат за Царството Божјо, кое треба да дојде.
Кои говорат за Царот – нивниот Женик – Кој се распна и пострада за сите нас.
Да, монасите се тие кои зачекорија на патот девственички, кои не знаат за друго, освен да се живее за Бога и ближниот, кои се молат за сите нас и чие име е МОЛИТВА, кои како градиво растат во неискажливата љубов, проникнати од Оној Кој е љубов, кои самуваат за да бидат во заедница co сите во срцето свое, кои и кога се во молчание, зборуваат co шепотот на своето срце, невидливо говорејќи co срцето на другиот преку Светиот Дух, кои се икона која видливо оди, кои се наша светлост која не’ разобличува дека Бог постои.
Кои co самото присуство не’ поттикнуваат на размислување за вистинскиот пат и живот во Бога, поточно, за смислата на животот и за нашето постоење, сега и во часот кога ќе не’ посети смртта. За постоење на надгробен живот и Бог Кој ни вети Царство небесно и рај во него.
Извадок од монографијата Марков манастир