Прибегнувам кон брзата помош Твоја Владичице Богородице!

Голем должник сум ти, кој блудно го расфрлив наследството свое,

одавајќи се на блуд, полош и од Манасијата,

постанувајќи со срце тврдо повеќе и од богатиот,

роб на стомакоугодувањето,

лукави помисли, љубител на срамни нечисти зборови,

страно ми е секое добро дело!

Прими го смирението мое Пречиста;

сожали се на немоќта моја Сенепорочна!

Пред Родениот од Тебе, Ти имаш најголема слобода, како што никој ја нема.

Не ги презирај солзите и ридањата мои!

Не ја отфрлувај тагата на срцето мое!

Радувај се, Искупување на Ева!

Радувај се запечатен сосад на Духот Свет!

Радувај се Извору на благодатта и бесмртноста!

Радувај се најбожествен Храму!

Радувај се Престолу Господов!

Радувај се, Мајко на Христа, Синот на Бога живиот,

на Кој му приличи слава чест и поклонување сега, секогаш и насекаде!

Амин во вековите!

 

Претходна статијаДА СЕ ПРОВЕРИМЕ ДАЛИ НАВИСТИНА ПОСТИМЕ? (Знаеш ли кои се делата на постот?)
Следна статијаДА СЕ РАЗВЕДАМ ЛИ ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ? ( На прашања од наши читатели одговара отец Горан Стојчевски)