За оваа паштета од ореви и маслинки потребно ни е следното:
250 грама маслинки,
100 грама ореви,
1 мала лажичка сенф,
1 лажица кечап,
4 или повеќе, според вкус чешниња лук,
2-3 лажици печен сусам (мелен во блендер или мелница за кафе) или 2 лажици таан.
Една црвена пиперка
Магданос – 1-2 лажици ситно сецкан.
Подготовка:
Маслинките се чистат од семките и се ставаат во блендер, потоа се додаваат сомелените ореви, сенфот, кечапот лукот и претходно сомелениот сусам, сето ова се блендира и во зависност од густината се додава вода ако е густо или презла ако е ретко, за да добиете смеса којашто ќе биде со густина како паштета.
На крај додадете сол по вкус и 1 лажиче мало балсамико оцет, ситно исецканата пиперка и магдоносот и пак промешајте.