МОЛИТВЕН ВОП’Л ЗА ПОКОЈНИЦИТЕ

Боже на духовите и на секоја твар, Ти ја победи смртта, Го обесили ѓаволот, а на светот Твој живот My подари.

Господи, Ти се молиме, упокој ги душите на починатите Твои раби: Православните патријарси, архиепископи, митрополити, епископи, сиот свештенически, свештено-монашки и ѓаконски чин; ктиторите, дарителите, поткрепителите, сите што служеле и послужувале во светите Божји храмови;

православните праотци, отци, браќа и сестри, тука и насекаде погребани; војсководители и воини кои ги положија своите животи за верата и татковината;

удавените, изгорените, замрзнатите, раскинатите од ѕверови, ненадејно починатите без покајание, кои не успеале да се помират co Црквата и co непријателите;

за оние кои се самоубиле во душевно растројство, сите кои ja просиле нашата молитва, и оние за кои нема кој да се помоли, како и за лишените од христијански погреб и сите православни христијани, во место светло, место блажено, место мирно, каде што нема никаква болест, тага, ниту воздишка.

Секој грев што го сториле co збор, дело или мисла, како благ и човекољубив Бог прости им го, оти нема човек кој живеел а да не згрешил. Ти си, Господи, единствен без грев, Твојата правда е вечна правда, а Твоето Слово е вистина.

Зашто Ти си воскресението, животот и покојот на сите Твои починати чеда, сите што ги спомнавме и тие што не ги спомнавме, Христе Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме co Твојот беспочетен Отец, co Пресветиот, благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови.

Амин.

Претходна статијаЗАДУШНИЦА – корисни упатства и совети во врска со починатите за кои малку знаеме
Следна статијаСПЕЦИЈАЛИТЕТ, А САМО ОД БУКОВЕЦ – ПОСНА ТРПЕЗА (Едноставно и брзо)