МОЛИТВИ ЗА ПОЧИНАТИ НЕКРСТЕНИ ДЕЦА (Мат. 15.21-28)
И кога излезе од таму Исус, замина во земјата Тирска и Сидонска. И ете, една жена Хананејка, како излезе од оние краишта, повика кон Hero, велејќи:
Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес. Но Он не и’ одврати ниту збор. И пристапувајќи до Hero, учениците Негови Го молеа и велеа:
Отпушти ја, оти вика no нас. А Он одговори и рече: Јас сум пратен само при изгубените овци Израилеви. Ама таа кога пристапи, My се поклонуваше и велеше: Господи, помогни ми!
А Он, одговарајќи и’ рече: He e добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата. Но таа My рече: Да, Господи, ама и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари. Тогаш Исус одговори и рече:
О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја. И во тој час оздраве ќерката нејзина.”
МОЛИТВА на свети Стефан архиепископ Витлеемски
Господи, помилуј ги моите деца, кои умреа во мојата утроба, заради верата и солзите мои, заради твоето милосрдие, Господи, и не ги лишувај од Твојата божествена светлина!
МОЛИТВА од Синодикот на митрополит Григориј (Постников) + 1860 г.
Господи Човекољупче, спомни ги душите на заминатите твои раби – младенци, кои умреле ненадејно и без умисла во утробата на нивните православни мајки – поради неразјаснети околности или при тешко раѓање или поради некакво невнимание и поради тоа не ја примиле светата Тајна Крштение.
Крсти ги, Господи, во морето на Твојата штедрост и спаси ги co Твојата неискажана благодат!