Боже, Оче Создателу, и Чувару на сите
созданија!

Облагороди ги моите чеда со Твојот свет Дух, Тој да разгори во нив вистински страв Божји, кој што е почеток на премудроста и благоразумието, зашто пофалбата на оној кој постапува според нив ќе биде вечна.

 

Направи ги блажени со Твоето вистинско познание, сочувај ги од секаква лажна наука за да пораснат во вистинската спасителна вера и во секое благочестие и во тоа да опстојат до крајот. Дај им верно, послушно и смирено срце, мудрост и разум, та да растат во годините и во благодатта пред Бога и пред луѓето.

Всади им во срцата љубов кон Твоето Божествено Слово, да бидат благопријатни во молитвите и богослуженијата со почит кон служителите на Словото, секогаш искрени во постапките, срамежливи во телесните движења, целомудрени во карактерите, вистинити во душите, верни во делата, чесни во исполнувањето на долгот и должностите, разумни и праведни во се’, кротки и благопријатни кон сите луѓе.

Сочувај ги од сите соблазни на злобниот свет и да не ги разврати лошото друштво. Не дозволувај да паднат во нечистотија и нецеломудрие, сами да не си го оштетуваат животот и да не ожалостуваат никого.

Биди им заштита во секоја опасност за да не доживеат ненадејна погибел, да не го ви диме во нив своето обесчестување и посрамување, туку својата чест и радост, и преку нив да се умножува Твоето Царство и да се зголемува бројот на верните.

Да се најдат чедата наши на небесата околу Твојата трпеза како небесни маслинови гранчиња и со сите избрани да ти оддаваат чест, пофалба и прославување, преку нашиот Господ Исус Христос. Амин!

Претходна статијаДАЛИ СЕ МОЛИМЕ ПРЕД СВЕТАТА ПРИЧЕСТ? (Со оган се причестувам)
Следна статијаЕФЕКТ НА СКРШЕНО ОГЛЕДАЛО – Митрополит Наум