На мнозина им е тешко сами да извојуваат победа врз страста на ракоблудот, но, со духовно раководство и со доверба во Бога може да успеат, под услов да бидат искрени и без срам да ги откријат своите помисли на оној кој ги раководи и така да ја победат оваа нечистотија.
+
Гревот на ракоблудот е тежок. Ние, кои сме крстени, посветени сме на Бог. Нашето тело е храм на Духот Свет, а кој го сквернави храмот Божји, него Бог ќе го разори. Храната е за стомакот и стомакот е за храната, но, телото не е за блуд, туку за Господа.
Кога се причестуваме, ние стануваме тело од Телото Христово, месо од Месото Христово, коска од Коските Христови, крв од Крвта Христова, стануваме дел од Телото Христово.
И кога човекот го извршува ова `дело`, тој со тоа се огрешува од Самото Тело Христово, го сквернави, зашто во нас е Христос!
Еве што велат Светото Писмо и Светите Отци на оваа тема:
1 Кор 6:9-10
„Или не знаете дека неправедниците нема да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубодејците, ниту ракоблудците, ни мажеложниците, ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат царството Божјо.“
Свети Игнатиј Брјанчанинов:
„Не само секоја грешна емоција и грешна мисла ја раскинува врската на умот со срцето (која е цел на духовниот живот и состојба на вистинска молитва), дури и секоја природна помисла и чувство маскирано под плаштот на праведност, може да ја уништи таа врска и да ги раздвои умот од срцето во спротивни насоки.“
Свети Марко Подвижник:
„Ако веќе не ја исполнуваме страста на телото, тогаш, со Божја помош сите зла во нас лесно може да се отстранат.“
Свети Нил Синајски:
„Ако копнееш да се молиш во Духот, не надевај се на ништо телесно.“
Свети Климент Александриски:
„Поради светоста во одржување на потомството, семето на мажот да не биде залудно исфрлано, ниту пак оштетувано, ниту пак залудно потрошено. Да се има телесен однос, надвор од одржување на потомството е повреда на природата.“
Свети Епифаниј:
„Тие (египетските еретици), практикуваат полови дела, но го спречуваат зачнувањето деца. Половите односи ги прават не за потомство, ами за да ги задоволат своите страсти – па тие подлежат на распадливост.“
Повеќе:
http://www.crkvaub.rs/pitajte_duhovnika/item/1539-blud-i-moze-li-se-pobediti-greh-rukobluda