Потребни состојки:

40 главици ситен кромид
2 главици лук
5 суви пиперки
10 печурки
1 шолја вино црвено
½ шолја масло
1 лажичка зачин
1 лажичка црвен пипер
4 ловоров листа
1 лажичка сол
Бибер во зрна
Начин на подготовка:

Кромидот се чисти, главицата лук се дели на чешниња (не се лупи), сувите пиперки и печурките се мијат и сецкаат на парчиња. Во длабок огноотпорен сад (најдобро е грне) се става еден ред од кромидот, па неколку чешниња лук, потоа сецканите пиперки и печурките и се зачинува со ловоров лист и бибер. Постапката се повторува уште еднаш и на крај се полева со претходно приготвена течност од вино, масло, зачин, пипер и сол. Грнето се става на оган и се остава да врие на тивко околу 3 часа.

Прилог:
Ова јадење може да се сервира со риба, пире, ориз и слично.

Претходна статијаКРАП НА МАНАСТИРСКИ НАЧИН
Следна статијаВО ЗАТВОРОТ…