Потребни состојки:

Крап

1 кг. кромид

3 моркови

1 китка магдонос

2 дл. вино 2 дл. салца или 2 домати

1 главица лук

Масло

Зачин од зеленчук (Вегета, Зачинал…)

Сол

Црн бибер

3 ловорови листа

Начин на подготовка:

Крапот најпрвин внимателно се чисти од крлушките, па се расекува на стомакот, му се вади внатрешноста и темелно се мие. Потоа се посолува со крупна сол и се остава да одстои 4 до 5 часа. Настрана се сецкаат на парчиња кромидот, морковот и лукот, им се додава убаво измиениот и ситно исечкан магдонос, се додава малку сол, зачин од зеленчук, ловоров лист и црн пипер. Тавата се премачкува со масло и во неа се става половина од смесата, со истата смеса се полни крапот и се реди во тавата, а отстрана му се додава останатата смеса. Најпосле крапот се полева со виното, салцата, останатото масло и малку вода и се става да се пече на 200°C околу 1 час.

Бигорски манастир

Претходна статијаКАРАМЕЛ ТОРТА (ПОСНА)
Следна статијаЧОМЛЕК НА МАНАСТИРСКИ НАЧИН