ПОТРЕБНО Е:

4 бабури,

1 конзерва туна,

2 зрели домати (може и пире од домати),

1 помал компир,

Средето на едно парче леб,

1 поголема главица кромид,

2-3 чесниња лук,

1/2 корен од целер,

1/2 филџан масло,

Оригано,

Црн пипер,

Сол.

ПОДГОТОВКА:

Од пиперките отсечете ги капачињата, исчистете ги од семето и жиличките.

Помешајте ги лебот, ситно исечканите кромид и лук, излупените домати исечкани на коцки, изренданиот целер, туната и зачините.

Мешајте за да добиете компактна маса и со неа наполнете ги пиперките.

Наполнетите пиперки затворете ги со тркалца од компир и наредете ги во огноотпорен сад, испрскајте ги со мешавина на масло и вода и запечете ги во рерна.

Ова предјадење може да се служи и како топло и како ладно предјадење.

Претходна статијаБЛАГИ ПОСНИ МАКАРОНИ
Следна статијаМАНАСТИРСКА ПИТА БЕЗ МАСЛО