300 гр. брашно

200 гр. маргарин

100 гр. шеќер

Сок и кора рендана од 1 лимон

Ванилин шеќер

За фил:

Околу 1 кг. јаболка (не повеќе)

4-5 лажици шеќер

½ пакетче цимет или 1 лажичка

Се прави дупка во брашното во која се става шеќерот, сите состојки и на крајот на тенки плочки исечен маргарин (не топен). Се замесува тесто и пожелно е да отстои ½ час до 1 час во фрижидер. Се прават 2 топки од кои се прават 2 кори.

Тавчето се мачка со маргарин, се става првата кора, па филот (по желба врз филот се става пченични никулци или малку гриз; јаболките пред да се стават, се цедат). Потоа се става втората кора; се набодува со вилушка на повеќе места и се пече на 200 °С околу 30-35 мин.

Претходна статија(Видео за луѓето со оштетен вид) БОГОРОДИЧНА МОЛИТВА
Следна статијаКАРАМЕЛ ТОРТА (ПОСНА)