300 гр. брашно
200 гр. маргарин
100 гр. шеќер
Сок и кора рендана од 1 лимон
Ванилин шеќер
За фил:
Околу 1 кг. јаболка (не повеќе)
4-5 лажици шеќер
½ пакетче цимет или 1 лажичка
Се прави дупка во брашното во која се става шеќерот, сите состојки и на крајот на тенки плочки исечен маргарин (не топен). Се замесува тесто и пожелно е да отстои ½ час до 1 час во фрижидер. Се прават 2 топки од кои се прават 2 кори.
Тавчето се мачка со маргарин, се става првата кора, па филот (по желба врз филот се става пченични никулци или малку гриз; јаболките пред да се стават, се цедат). Потоа се става втората кора; се набодува со вилушка на повеќе места и се пече на 200 °С околу 30-35 мин.