6 супени лажици џем

10 супени лажици шеќер

1 кесичка цимет

кора од 1 лимон и 1 портокал + сок од 1 портокал

1 супена лажица сода бикарбона + малку прашок за пециво
500 гр.брашно

¼ л. млака вода

1 рака сецкани ореви (може да се додаде суво грозје, урми)

мармалад од кајсија

150 гр. посно чоколадо за готвење

Џемот и шеќерот се матат со миксер за да се добие уедначена маса, се разредува со вода, се додава цимет, рендана кора од лимон и портокал, сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, се додава брашното помешано со сода бокарбона и со прашок за пециво. Смесата добро се изедначува со мешање и се става во тефлонска тава.

Сместа не смее да биде премногу тврда (треба лесно, со мокра рака да се изедначи површината да биде мазна). Се става во умерено загреана рерна.

Се пече околу 25-30 минути. Се проверува дали е печено со чачкалица. Откако рерната ќе се исклучи, колачот се остава внатре уште неколку минути.

Уште топол, колачот се премачкува со 3 супени лажици отопен мармалад од кајсија, а врз него се става чоколадна глазура.

Претходна статијаДА НАПРАВИМЕ СЕ ШТО Е ВО НАШИ РАЦЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА АБОРТУСОТ !
Следна статијаДЕМОН – ПРОПОВЕДНИК