Еден монах влегол во црква да се помоли. Гледа – а на местото на свештеникот проповеда демон, облечен во одежда на свештеник.

Застанал монахот на страна и почнал внимателно да ги следи зборовите на демонот, за да го фати на некој збор, каде што тој ќе каже невистина. Но демонот зборувал точно, како што е во Светата Книга, ништо не менувајќи.

И така било до крајот на проповедта. Проповедта завршила. Луѓето се разотишле. Тогаш монахот дошол кај демонот и му рекол:

– Јас те препознав: ти си демон!

– Токму така, – одговорил тој.

– Јас сакав да те уловам за некој збор, но ти се зборуваше правилно! – рекол монахот.

– Се трудев, – одговорил поласкан демонот.

– Па добро, во што е твојата тајна? – праша зачудениот монах.

– Јас зборував без љубов во срцето, и знам дека тие луѓе нема да постапат според моите зборови. А тоа за мене е доволно, – објаснил нечистиот.

Превод од руски јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Извор: Отодоксија и ортопраксија

Претходна статијаСВЕТОГОРСКИ КОЛАЧ
Следна статијаСЕКУЛАРЕН БОЖИК