За Светата Тајна Причест

Подготовка

„Кога ќе тргнеш да се причестиш, треба многу да внимаваш”, му рече на еден брат.

„Мораш добро да се подготвиш. Мораш да бидеш разумен, воздржан, редовно да постиш и многу да го љубиш Христа. He треба да доцниш повеќе од 15 дена”.

Никако од навика:

„Строго води сметка да не пристапуваш на причестувањето од навика. Секое причестување треба да ти биде важно како и првото, a да се чувствуваш како да ти е последно, пред смрт”.

Внимание кон секој случај:

Bo еден разговор кој го водеше co еден свештеник, додека му зборуваше за разни проблеми во врска co честата исповед, меѓу другото, му рече:

„Биди многу внимателен и претпазлив околу тоа каков совет даваш, затоа што за секој различен случај е потребно многу внимание”.

Моќта на Светата Тајна:

Една недела, кога се причестил, еден брат ја почувствувал големата сила на светата Тајна Причест. Помислил дека тоа е поради тоа што не бил добро подготвен, поради вечерата од претходната вечер, па испаничен, веднаш отишол кај Старецот да го праша за совет.

А Старецот му рекол:

„He вознемирувај се, тоа не е ништо лошо, едноставно Господ сакаше да ја познаеш силата која ја има Неговата света Тајна”.

Така братот се смири.

Пренесено од книгата “Срце за целиот свет” од старец Пајсиј, старец Порфириј и старец Тихон

 

Претходна статијаДали да славиме празник во неосветена црква?
Следна статијаЗа исповедта и духовните отци!