За исповедта и духовните отци

Треба да одиме кај духовните отци

Старецот ми рече: „Колку човекот е пооддалечен од Бога, толку повеќе се грижи и се мачи co разни проблеми”. И уште ми рече:

„Треба да одиме кај својот духовник секогаш кога нешто не’ мачи”.

+ + +

„Редовно и добро исповедај се, зашто и да си патријарх, ако не се исповедаш, не се спасуваш”, ми рече еднаш.

Сеопфатна исповед:

„Од време на време треба да се исповедаме за целиот досегашен живот, затоа што разни душевни трауми или разни сериозни случувања можат да доведат и до телесни болести.

Кога се исповедаме, не треба да зборуваме само за нашите прегрешенија, туку и за помислите, на пример за помислите на страв, жалост, радост или грижа, се’ што ни донесле разните случувања како што се земјотресите, смртта, венчавањето, но и чувството на малодушност и слично на тоа”.

He паѓај во безнадежност

„Кога ќе згрешиш не паѓај во безнадежност. Храбро и co надеж во Бога треба да се покаеш и да појдеш да се исповедаш кај духовникот кој ти го препорачав, ако не можам jac да те исповедам. Само така ќе се спасиш”.

Кога си далеку:

Некогаш кога поради службено преместување бев далеку, па Старецот ми даде благослов покрај него, како духовник за исповед на обични (полесни) гревови, да можам да го имам за духовник и отец Елевтериј Капсоменоса од Хања на Крит, „тој е свет човек, голем пред лицето на Бога”, како што често зборуваше за него.

Кога поради нарушено здравје не можеше повеќе да ја врши светата Тајна исповед, ми даде благослов да се исповедам на светиот старец, свештеникот Јован Табакису, чудесен служител на Севишниот, кој без прекин служеше во Црквата, co многу самопожртвуваност, се’ до својата најдлабока старост (од 96 години), се’ до денот на своето упокоение.

„Тој Старец е исклучително достоен за почитување и исклучителен свештеник. Оди сега кај него да се исповедаш”, ми рече.

+ + +

„Кога си далеку од Атина” му велеше на еден брат, „и не можеш често да доаѓаш овде, побарај, па ќе најдеш добар духовник за да ги исповедаш своите гревови. А што и да те преокупира, или те загрижува во врска co умната молитва или co помислите, немој да зборуваш, зашто некои не знаат се` и можат да те збунат. Ако имаш такви потреби, дојди и кажи ми го тоа мене”.

Биди претпазлив и внимателен:

„Внимавај што им зборуваш на духовниците на кои им се исповедаш. Затоа што тие не знаат се’.

Духовниците треба да бидат исклучително мудри, да имаат дар за расудување и да бидат искусни. Треба да бидат просветлени co Светиот Дух за да можат да ги разрешат твоите многубројни проблеми.”

Овде треба да споменам дека Старецот не мислеше на малите, секојдневни прегрешенија кои сите ги правиме, туку мислеше на прашања за најдлабоката духовност, како што е умната молитва или нападите на лукавиот.

+ + +

Еден брат ми раскажа:

„Еднаш мојата сопруга, додека јас бев зафатен во провинција, појде кај еден исклучително строг духовник и кога му открила една своја слабост од која не можеше да се ослободи, ја уплаши и ја искара и требаше да помине многу време повторно да оди да се исповеда”.

Тогаш Старецот му рекол:

„Виде ли до што води претераната строгост?

Затоа секогаш ви велам да внимавате кај кој духовник одите да се исповедате и ти, и твојата жена и вашите деца. Но, пред се’, co децата треба да бидете искрени за се’ што им зборувате, зашто така Бог се простува и така духовно се возвишувате”.

+ + +

„Духовникот мора да има голема способност за расудување и топло да му се моли на Бога да го просветли за да знае на кој начин да устрои и да не погреши”, ми зборуваше еднаш кога за еден проблем побарав совет од еден друг духовник, додека бев далеку на пат.

Треба да бидеш внимателен co навиките:

Еден ден Старецот му рече на еден свештеник:

„Оче, колку години си свештеник?” Тој му одговори:

„Дванаесет”.

„Е! Внимавај да не те снајде она што велат луѓето”.

„А што, Старче?”

„Ете! Во почетокот попот се плаши од Црквата, а потоа Црквата се плаши од попот”.

 

(С. Тихон)

 

 

Претходна статијаСекое причестување примај го како да ти е последно…!
Следна статијаЗа читањето и музиката! (Старец Порфириј)