Молитва кон светиот свештеномаченик Антипа, Епископ Пергамски
О, преславен свештеномаченику Антипа, и брз помошнику на сите христијани кои се во болести!
Верувам со мојата душа и секоја помисла дека Господ ти дал дар болните да ги исцелуваш, на немоќните здравје да им даруваш и раслабените да ги закрепнуваш.
Поради тоа, како кон благодатен исцелител на болните, и јас немоќниот притекнувам кон тебе, и твојата икона достојна за почитување набожно ја целивам, молејќи се:
преку твоето застапништво испроси од Царот Небесен исцеление за забоболката, и за сите други душевни и телесни болки кои ме мачат, та иако сум недостоен за тебе, најмилостивиот отец и неизморливиот мој застапник, подражавај го Божјото човекољубие преку моето обраќање од лоши дела кон богодобар живот;
стори ме достоен за заштитата твоја, со обилно даруваната ти благодат исцели ги раните и лузните на душата и телото мое,
подари ми здравје и спасение и напредување во се’ добро, за така, тивко и безмолвно поживувајќи во секоја набожност и чистота, да се удостојам со сите Светии да го прославам сесветото име на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Амин.