СТАРЕЦ САМПСОН (Совети и одговори на писма )

Секако, претпазливоста во држењето е – мудрост.

Немој никого да навредиш.

Се прави – пред Бога, во тајност од луѓето, дури и од пријателите. Фарисејството е погубно и глупаво, смешно, несериозно.

Причестувај се само во едноставна облека, биди незабележлива во масата, биди како обична домакинка. Тогаш ќе имаш мир и тишина.

На работа, од однадвор изгледај пристојно.

Домашните работи извршувај ги со внимание. Педантно, за демоните да не можат да ти ја изгонат прибраноста и молитвата.

Работи молчешкум, во самотија.

Запамети едно:

Страшно е да му осанеш некому должен, макар и чаша вода, да се исползуваш со туѓ труд, со туѓа пот.

Барај од себе молчење.

Одговарај што пократко: Сама не започнувај разговор, нека кажат дека си – „молчалива“.

+++

Увери се дека со нашиот живот управува Промислата Божја, Неговото Милосрдие, долготрпение и благост, дека Он сака сите да се спасат. Никого не прекорувај.

Секогаш радувај се. Верувај цврсто и огнено.

Ј.С.

+++

На Рабата Божја, на прекрасното суштество, кое сака да го засака Господа и да го познае законот Христов, во секоја негова убавина и сила.

Сиот закон на Господ Исус Христос е – Љубовта!

Ј.С.

+++

На моето сакано чедо за утеха и паметење.

Заради постојаноста и подвигот сокриен од луѓето, во молитва и плач, при постојано чување на својата уста – срцето постепено се менува:

станува ново, Божјо и станува способно да ги прима учењета за надежта во Вечното Спасение.

Колку е прекрасна среќа да се биде христијанин!

1977 година.

+++

Многу, многу ми требаат твоите свети молитви. Кусите молитви, сакај ги како свежиот воздух, како пролетта,

како блесокот на изгрејсонцето,

како дишењето на радоста,

како бездајно богатство,

но само со СИОТ УМ, со покајание, со скрушено срце, не механички, махинално.

Тогаш нема да има крај на радоста.

Служењето на Христос, не е само Крст, туку и постојана борба.

Се што е Божјо, извршувај го во тајност од сите луѓе, знајно, само на Бога.

Пиши.

Одговорите чувај ги.

Ти се поклонувам до земја.

Твојот Ј. Сампсон

Преведе М.Д.

Претходна статијаПРОСЈАКОТ КОЈ ГО МРАЗЕЛ БОГ „Не го поднесувам Божјото име“, рекол питачот.“ „Го мразам.“
Следна статијаСОКРАТ – ПРОСЕЈ НИЗ ТРИ СИТА ! (Сократов текст, за кој никој не знае)