ГОЛГОТА
7 април
Bo Ерусалим се’ досега го покажуваат „Скрбниот пат” (Via Dolorosa), пo кој луѓето го воделе во смрт Спасителот на светот. Од евангелско време многу нешта се промениле во топографијата на градот, па затоа тешко е да се одбрани вистинитоста на преданието.
Сепак, несомнено е дека токму по таква тесна ориентална улица се движела процесијата која на 14. нисан напладне, на пасхалниот петок, излегла од зградата на прокураторот.
Покрај Осудениот немало никој од неговите блиски. Тој одел опкружен од тмурни војници, а двајца злосторници, веројатно соучесници на Варава, co него го делеле патот кон местото на погубувањето.
Секој од нив имал titulum, табличка co посочување на неговата вина. Онаа што висела на градите на Христос била напишана на грчки, латински и еврејски, за сите да можат да ја прочитаат. На неа пишувало: „Исус Назареецот, Цар Јудејски”.
Синедрионот се обидел да протестира против ваквиот натпис, гледајќи во тоа навреда на патриотските чувства на народот, но Пилат останал на своето:
„Што напишав, напишав” (Јован 19, 22) – им одговорил тој, задоволен дека може да им напакости на луѓето кои го принудиле на отстапки.
Согласно co жестокото правило, осудените морале сами да го носат својот patibulum, напречната греда на крстот, на која требало да бидат распнати.
Исус одел бавно. Тој бил измачен од камшикувањето и слаб по непроспиената ноќ. Властите, пак, се труделе што побргу да ја завршат работата, пред да почне празникот.
Затоа стотникот запрел некојси Симон, Јудеец од киренејската заедница, кој се враќал од својата нива во Ерусалим и му наредил да го носи крстот на Назареецот. Подоцна синовите на тој човек станале христијани и веројатно од него ги дознале основните подробности за трагедијата на Голгота.
Пред Ефраимската порта процесијата била опколена co луѓе. Се слушал женски плач и лелекања. Исус се свртел кон нив и прв пат по подолго време проговорил:
– Ќерки ерусалимски, не плачете за мене, туку плачете за себе и за своите деца, зашто, ете, се приближуваат деновите кога ќе се рече:
„Блазе им на неплодните и на утробите што не’ родиле и на градите што не’ доеле!” Тогаш ќе почнат да им велат на планините:
„Паднете врз нас”, а на ридиштата: „Покријте не’!” Оти, кога ова го прават co зеленото дрво, што ќе биде тогаш co сувото? (Лука 23, 28-31)
Дури и во тие последни часови од својот живот, Он мислел на судбината што ќе го снајде Ерусалим по четириесет години…
Излегувајќи од градот, тие свртеле кон ридот што се наоѓал покрај градските ѕидини, крај патот. Поради својата форма ридот бил наречен Голгота (Черепница).
На неговиот врв требало да бидат поставени крстовите. Римјаните секогаш ги распнувале луѓето на прометни места, за глетката да ги застрашува непокорните.
На ридот на осудените им дале напивка што ги затапува сетилата, направена од еврејските жени за олеснување на маките на распнатите. Исус се откажал од напивката, подготвен распнувањето да го пречека во полна свест.
Распнувањето на крст не се сметало само за срамна смрт, туку било и едно од најнечовечките казнувања што стариот свет ги измислил. Во него се соединувала физичката болка co моралното понижување.
He e случајно што во империјата од овој најужасен и гнасен облик на смрт биле ослободувани сите носители на римското државјанство. Обично биле распнувани бунтовните варвари и робови. Овој начин на погубување, што Римјаните го позајмиле од Картагина, имал широка примена уште во деновите на Републиката.
Осудениот бил врзуван гол, a понекогаш и заковуван за столб co напречна греда и препуштен на бавна смрт. Тој се задушувал, сонцето го печело, целото тело се грчело од неприродната положба, раните загнојувале и предизвикувале неиздржливи болки.
Осудениот ја повикувал смртта како ослободување, но таа не доаѓала. Имало случаи кога луѓето виселе на крст по неколку дена. Честопати на нив, уште живи, птиците им ги колвале очите…
За да не можат блиските да ги спасат осудените, покpaj крстовите се поставувала вооружена стража. И овојпат биле издвоени четворица војници, co наредба да го спроведат извршувањето на казната и да останат на Голгота како стража.
Co одредот веќе не раководел трибун, како во Гетсиманија, туку обичен стотник.
Властите сфатиле дека вознемиреноста била неоснована. Осудата не предизвикала никакви немири. Приврзаниците на Галилеецот се разбегале, а многумина, веројатно, дознале за настанот кога веќе било доцна да се преземе што и да било.
Апсењето, судењето и погубувањето биле спроведени мошне бргу, како што и планирал Синедрионот. Ако некој и поверувал во месијанството на Исус, сега таквите биле парализирани.
Бидејќи крстот значел само едно: Назареецот е лажен месија. За Неговите посегнувања сега говорел само ироничниот натпис, закован на крстот.
Погубувањето од далечина го следела група галилејски жени. Тоа биле: Марија Магдалена, Марија Клеопова, Салома и други. Меѓу нив се наоѓала и мајката Господова. Нивната тага и очај немале граници. Ете го „престолот Давидов”, подготвен за Месијата!
Од сите пророштва се исполнило само едното: „меч ја прободе душата на Марија” (Лука. 2, 35). Како можело да се случи Бог да го допушти ова?
Исус, воплотената Вистина и воплотената Љубов, стоел незаштитен пред своите крвници. Неодамна Салома кај Hero молела за почесно место за нејзините синови. А сега, Он мора да умре заедно co злосторниците…
Жените гледале како војниците му ја тргаат облеката, оставајќи му само превез на бедрата. Гледале како бил подготвен крстот и Осудениот легнат на него. Се зачуле страшните удари на чеканите, co кои во дланките и стапалата биле ковани огромните шајки.
Тоа бил ужас што не може co ништо да се спореди. Симон Киренеецот, кој стоел во околината, ги слушнал Исусовите зборови:
„Оче, прости им, оти не знаат што прават!” (Лука 23, 34). Навистина, ниту бездушните судии, ниту старешините кои успеале да го осудат Исуса, не разбирале што се случува во тој час.
За едните погубувањето било обичен прекин на здодевното секојдневие во касарната, додека другите биле убедени дека го заштитиле народот од “месит”, опасен богохулник и соблазнувач.
Откако крстовите co осудените биле поставени, нивните основи биле затрупани co камења. Сега требало да се чека на последното издишување на осудените.
За да го прекратат времето, војниците се шегувале, фрлале коцки. Според обичајот, тие имале право да ja задржат облеката на погубените. Тие ја кинеле на парчиња, но за целосно исткаениот хитон на Исус решиле да не го уништуват, туку фрлале ждрепка кој да го добие.
Честопати се вели дека смртта на Исус бил настан што минал речиси незабележано во тогашниот свет. Тоа е сосема вистинито. Дури и стотина години подоцна римскиот историчар Тацит му посветил на настанот само една кратка фраза, одбележувајќи дека основачот на христијанството бил погубен од прокураторот Понтиј Пилат, во времето на царувањето на Тибериј. Но, ниту во Ерусалим на распнувањето на Исуса не му придавале преголема важност.
Преполнетиот co богомолци град го живеел својот живот. За четирите години на Пилатовото владеење градот свикнал на бројни погубувања.
Луѓето кои брзале во Ерусалим не се чуделе гледајќи крстови на ридот. Во деновите на празниците ваквите погубувања кои служеле за заплашување биле многубројни.
Минувачите запирале и co студено љубопитство ги читале натписите. Некои, кои имале слушнато за Назареецот, злобно викале:
„Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, спаси се себеси и слези од крстот! Ако си Син Божји, слегни од крстот!”
Ha Голгота биле присутни и оние членови на Синедрионот што не можеле да се откажат од одмаздничкото задоволство да ja видат смртта на осудениот.
„Другите ги спаси – co смеа дофрлувале тие, потсетувајќи на извиците „Осана” (Осана буквално значи Спаси не’!) – а сам себе не може да се спаси. Ако е Он царот јудејски, нека слезе сега од крстот, па ќе поверуваме во Hero.
Ce надеваше на Бога, нека го избави сега, ако е по волјата негова, оти беше рекол: ‘Син Божји Сум!”‘. (Мат. 27,40-43)
Bo меѓувреме, почнал да дува ветер и темни облаци го прекриле небото. Се чинело дека сонцето се скрило за да не го гледа безумството на луѓето. А тие продолжиле да го измачуваат Христа, кој немо ја трпел нечовечката мака. Го измачувале војниците, го малтретирале случајните минувачи. Дури и еден од разбојниците, кој бил распнат покрај него, се приклучил кон злобниот хор…
Три години, одејќи по земјата, Исус ги учел луѓето да бидат синови на небесниот Отец, ги олеснувал страдањата, го проповедал евангелието за царството. Но луѓето не посакале да влезат во тоа царство.
И незнабошците и Јудејците верувале во царството на овој отпаднат свет, а не во Христовото царство кое слегувало од небото и водело кон небото.
Ете, сега Тој замолкнал. Тој е победен и никогаш повеќе нема да влева немир кај оние кои сакаат да бидат „мртви”, барем така размислувале тие во тој момент…
Ненадејно се случило нешто неочекувано. Вториот осуденик му рекол на својот пријател, кој заедно co толпата му се смеел на Галилеецот:
„Зар ни од Бога не се боиш, кога си веќе и сам осуден? Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Он ништо лошо не направил”.
Можеби овој човек и порано ја имал слушнато проповедта на Исуса. Можеби во тој миг почувствувал некаква сила што проистекувала од Распнатиот покpaj него и во неговата душа ненадејно засветил зракот на верата, создаден од претсмртната мака.
– Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството свое!
Сувите усни на Исус се отвориле и Тој одговорил:
– Вистина ти велам: денес ќе бидеш co мене во рајот! (Лука 23,40-43). Кој може да даде вакво ветување?
Толпата постепено се разретчувала. Жените кои стоеле настрана се осмелиле, без оглед на војниците, да се приближат. Крстот бил висок, но co Распнатиот можело да се разговара.
Откако ја видел својата мајка, која пришла co апостолот Јован заедно, Исус за последен пат и’ се обратил. „Жено, ете ти син!” – рекол Он и, погледнувајќи го омилениот ученик, проговорил – „Ете ти мајка!”. После тоа замолкнал.
Облаците станувале се’ потемни и во три часот попладне станало мрачно, како да е ноќ. Големата тежина што се спуштала врз Исус уште од ноќта во Гетсиманија, го достигнала својот врв.
Веќе одамна Месијата ја чекал оваа последна средба co злото на светот, што сега го обвиткало како црна пелена. Започнала да се води таинствена битка. Се очекувал расплет на древната мистерија.
– Елахи! Елахи! Лама шабахтани? Боже мој, Боже мој! Зошто ме остави!
Bo овој извик на псалмопевецот Христос ја излеал сета длабочина на своето бесконечно тагување. Пред сите присутни го кажувал псалмот Давидов, во кој пророкот го претскажал страдањето на Месијата. (Псалм 21)
Луѓето кои стоеле на Голгота не ги разбрале неговите зборови. Војниците помислиле дека Распнатиот го повикува Хелиос, Сонцето, а на Јудејците поради созвучноста им се слушнало името на пророкот Илија. „Овој го вика Илиja!” – рекол некој од присутните. (Марко 15,34-35)
Агонијата започнала. „Шахенa” (“Жеден сум”) – замолил Исус.
Еден од војниците, движен од човекољубие, отрчал до садот co „поска”, киселкаст напиток што војниците секогаш го носеле co себе ,натопувајќи го сунѓерот во садот, му го понудил на Распнатиот. Закоравените го попречувале во намерата: „Почекајте да видиме, ќе дојде ли Илија да го спаси?” (Марко 15,36).
Ho, само што сунѓерот ги допрел воспалените усни на Исус, Тој рекол: „Се сврши!”. Он знаел дека смртта е веднаш до него и започнал да се моли. Молитвата ја завршил co силен извик:
„Оче, во Твои раце го предавам својот дух!” (Лука 23,46)
По овој извик настанала тишина. Неговата глава паднала на градите. Срцето запрело. Тој бил мртов.
Синот Човечки до дно ја испил својата чаша.
Bo тој момент луѓето почувствувале дека земјата затреперила и виделе пукнатини, кои се ширеле по карпите. Воздухот бил задушлив, како пред невреме. Стотникот, кој долго го гледал ликот на Распнатиот, извикал:
„Навистина овој Човек бил Син Божји!” (Марко 15, 39). Нешто таинствено му се открило на Римјанинот во последните мигови од погубувањето.
Страшните природни појави дејствувале застрашувачки врз сите. Збунети и преплашени, луѓето се враќале во градот. Тие се удирале в гради во знак на тага, досетувајќи се дека се случило нешто ужасно.
Bo заднината, на мрачното небо се извишувале трите крста. Ho тие не сведочеле само за отпаднатоста, жестокоста и злобата на човекот. Отсега таа алатка на смртта ќе стане симбол на искупувањето, симбол на жртвената љубов на Бога кон паднатото човештво.
Симбол на победата над силите на безредието, уништувањето, омразата и смртта.
Пренесено од книгата “Христос” од протопрезвитер Александар Мењ
Подготви Мина Даниловска