СУДОТ HA ПРОКУРАТОРОТ

7 април

Преторијата, привремената резиденција на Понтиј Пилат, била оградена co дебели ѕидови. Крепоста внатре била раскошна како царски дворец. Во неа имало пространи галерии, одаи, богато наместени сали за приеми. Од времето на Ирод Велики биле зачувани скапиот мебел и покуќнината.

Јосиф Флавиј, кој го видел овој архитектонски комплекс пред неговото разурнување, co восхит го опишува ова чедо на последниот тиранин на Јудеја. Сега овде престојувал прокураторот кога било потребно да ја напушти Кесарија.

Bo петокот наутро на Пилат му рапортирале дека стражата го довела бунтовникот кој co негова дозвола бил фатен претходната вечер. Наредувајќи да го чуваат во преторијата, Пилат ги повикал кај себе обвинителите и сведоците.

Но му рекле дека тие не сакаат да влезат: Јудејците го сметале престојувањето во пагански дом во текот на пасхалните празници за сквернавење на празникот. Раздразнетиот прокуратор бил принуден самиот да излезе на отворен подиум, од каде што обично му се обраќал на народот.

– За што го обвинувате овој човек? – прашал Пилат.

Кога, пак, дознал дека Назареецот се товари за проповедање на лажни теории, тој рекол:

– Земете го вие и судете му според вашиот закон!

Ханан и Кајафа веќе биле подготвени за ваква разврска. На прокураторот му објасниле дека станува збор за политичко дело, затоа што Исус, божем, забранувал да му се плаќа данокот на цезарот, а себеси се нарекувал Месија т.е. цар.

Тогаш Пилат почнал да внимава. Дека старешините се загрижени за престижот на римската влада – тука немало ништо чудно. Живеејќи веќе четврта година во Јудеја, Пилат знаел дека интересите на јерархијата се совпаѓале co интересите на Рим.

Таа се плашела од својот народ. На Пилат му се причинило дека процесот што претстои ќе биде навистина сериозен. Се вратил во преторијата за да го распита уапсениот. Насобраните co нетрпение чекале. Минутите течеле.

Резултатот на распитот бил неочекуван. Застанувајќи на подиумот, Пилат рекол:

– Јас кај овој Човек вина не наоѓам.

Зборовите на Пилат зачудиле многумина. Зошто прокураторот, познат no својата жестокост, денес покажал толку необична за него благост? Што се случило во преторијата?

Разговорот меѓу Пилат и Исус не бил таен, тој бил воден пред сведоци – слуги и стражари. Некој од нив ги раскажал подробностите, што биле внимателно зачувани од првата генерација христијани.

Прокураторот најпрвин поставил прашање:

– Ти ли си царот Јудејски?

– Сам ли го зборуваш – го прашал, пак, него Исус, или други ти кажаа за Мене?

– Та јас Јудеец ли сум? – co презир забележал Пилат. Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си направил?

– Моето царство не е од овој свет, ако беше царството мое од овој свет, тогаш моите слуги би ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците, но царството мое сега не е овде.

Од сето речено прокураторот сфатил само една работа: дека обвинетиот навистина претендира за некаква власт.

– Ти, пак, цар ли си? – посакал тој да ja разјасни работата.

– Ти велиш дека сум цар.

Тоа била форма на потврдсн одговор, прифатена на Истокот. Но веднаш, за да ги отфрли сомневањата на Пилат, Исус додал:

– Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината; секој, кој е од вистината, го слуша мојот глас.

Зборовите на Исус на Римјанинот му се причиниле лишени од секаква смисла. Како и неговите бројни сонародници, и Пилат бил скептик. Тој не верувал во вистината, ниту во нејзиниот Творец.

– Што е тоа вистина? – се потсмевнал тој. (Јован 18, 29-38)

Пилат одлучил дека станува збор за проповедник кој едвај дека е опасен за режимот. Освен тоа, прокураторот воопшто не сакал да навлегува во религиозни препирки, a уште помалку да оди по волјата на ерусалимските интриганти.

Доста е co попуштањето пред овие варвари! Сега е прилика да се убедат во недволичното императорско правосудство. Честопати го обвинувале за незаконски казнувања, затоа сега ќе биде беспрекорен и наедно ќе покаже кој е вистинскиот господар во Ерусалим.

Ho старешините не биле спремни да ги повлечат своите обвиненија. Повторно се нижеле обвиненија, се наведувале нови докази. Тие викале дека Исус „го буни народот и поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па се до тука”.

– Зар овој човек е Галилеец? – прашал Пилат.

Кај него се родила мислата, ако не се ослободи од расправата, тогаш барем да го потврди своето мислење кај компетентно лице, кое подобро ги знае месните обичаи. Тој наредил Исус да биде одведен во Хасмонејскиот дворец, каде што за Пасха пристигнал тетрархот на Галилеја, Ирод Антипа.

Сите претходни години односите меѓу прокураторот и Антипа биле затегнати. Обајцата му биле потчинети на легатот на Сирија, но Антипа сакал да се гледа себеси како единствен господар на земјата.

Праќајќи го Галилеецот кај Ирод, владетелот на Јудеја постигнувал две цели: тој се помирувал co соперникот, чиишто заткулисни игри биле опасни за него, а освен тоа си ja олеснувал задачата во оваа заплеткана работа.

Тетрархот бил поласкан од гестот на Римјанинот. Го израдувала можноста да го види Назареецот, гласот за кого ја побудувал неговата љубопитност, но и го тревожел. И ете, најпосле пред него се наоѓа таинствениот Пророк кој, како што велат, го надминал и Јована!

Можеби Тој ќе покаже некој знак, co кој ќе му ги разоноди на Ирод здодевните денови во Ерусалим? Но бил разочаран.

Исус не одговорил ни на едно негово прашање и од него не можело да се изнуди никакво чудо. Антипа веднаш го загубил интересот за него, а обвинувањата на старешините му минале покрај ушите.

Откако co своите војници го понизил Исуса, тој наредил да го облечат во исмејувачка царска облека и повторно да го одведат кај Пилат. Тоа бил знак на помирување меѓу двајцата претставници на власта.

Пилат дошол до заклучок дека старешините од чиста завист му се одмаздуваат на популарниот Проповедник, a пак според римскиот закон – немало никакви основи Тој да биде осуден на смрт.

Пилат повторно излегол на подиумот и седнувајќи во судиската столица, објавил:

„Ми го доведовте овој човек како бунтовник на народот, а еве, јас пред вас го испитав и не го најдов виновен за она за што го обвинувате. А Ирод исто така не нашол вина, бидејќи го вратил назад кај нас. Тој човек не направил ништо што би заслужувало смрт, па затоа ќе го казнам и ќе го пуштам.” (Лука 23, 4-16)

Пилат сметал дека камшикувањето е доволна казна за Човекот кој co своите зборови го нарушува општествениот поредок.

Старешините сфатиле дека нивниот план пропаѓа и почнале бучно да протестираат. Пилат, пак, надеваќи се на поддршка од народот, рекол дека ќе го ослободи Исуса поради празникот.

Bo затворот смртта веќе ја очекувале тројца бунтовници, меѓу нив и некојси Исус бар-Аба или Варава, затвореник кој бил добро познат во градот. Обвинителите го искористиле тоа и почнале да бараат да биде ослободен токму тој.

Подбуцнатата толпа почнала да го извикува неговото име. Варава во Ерусалим не само што бил познат, туку го сметале за херој, а Исус бил дојденец и Неговото име не им кажувало многу на граѓаните. Врз толпата не влијаело дури ни тоа што Пилат го нарекол „Цар Јудејски”, толпата сакала од смртта да го спаси Варава.

Пилат сепак не брзал. Против својата волја тој стекнал симпатија кон обвинетиот. Неговата желба да стои на своето становиште станала уште поголема, откако жена му пратила слуга кај него, молејќи за „Праведникот”.

Таа го уверувала дека на сон добила страшно предупредување за Hero, a Римјаните, дури и оние кои не верувале, им придавале големо значење на соништата. Co еден збор, се’ укажувало на тоа дека Пилат не ќе ја менува својата пресуда.

По негова наредба затвореникот бил одведен во стражарницата и предаден во рацете на џелатите. Таму била собрана целата кохорта, веројатно токму онаа која учествувала во апсењето на Исус. Исуса го врзале за столб и го камшикувале.

Биле употребени римски камшици co остри врвови кои го раскинувале телото до крв. По ваква егзекуција човекот обично се наоѓал во полусвесна состојба, но војниците co тоа се забавувале.

Кај Пилат претежно служеле Грци, Самарјани и Сиријци, кои ги мразеле Јудејците. Користејќи го случајот, овие луѓе сета своја злоба ја истуриле врз страдалникот.

Потоа еден од војниците преку него ја префрлил својата црвена наметка, додека друг му тутнал стап во рацете, за да личи на крал-шут. На Исусовата глава била ставена и импровизирана „круна” од трње.

За сето време Тој не рекол ниту збор. Војниците, пак, му се поклонувале подигрувачки до земјата и викале: „Радувај се, Царе Јудејски!” (Мат. 27, 27-29). Некои од нив го плукале Исуса и го удирале co стап no лицето и no главата.

Пилат сметал дека тоа е доволна казна, но додека траело камшикувањето, старешините не го губеле времето и ја возбудиле толпата. Сега сите во еден глас барале Назареецот да биде распнат наместо Варава.

Кога Исус, жестоко претепан, изранет и во окрвавена наметка, се појави пред нив, на плоштадот се зачуле викотници: „Распни го! Распни го!” Пилат одново гласно извикал:

„Ете го Човекот!”, обидувајќи се да каже дека Он е достоен за ослободување. Но наместо одговор се слушало само: „Ослободи ни го Варава!”

Пилат не знаел што да мисли. Тој наредил повторно да го доведат Исус.

– Земете го вие и распнете го, оти јас не наоѓам во Hero вина.

– Ние имаме Закон, одговориле книжниците, и според нашиот Закон Он треба да умре, зашто сам се направи Син Божји.

Суеверен страв продрел во душата на Римјанинот.

– Од каде си ти? – го прашал Исуса, влегувајќи во преторијата.

Исус молчел.

– Мене ли не ми одговараш? Зар не знаеш дека имам власт да Те распнам и власт имам да Те пуштам?

– Ти не би имал никаква власт над Мене, му одговорил затвореникот, ако не ти беше дадена одозгора; затоа поголем грев има оној што ме предаде на тебе. (Јован 19, 5-11)

Овие зборови му се допаднале на Пилат. Тој повеќе немал намера да се пазари и да си го губи достоинството. Ho сепак, кога за последен пат седнал на судискиот стол, него го очекувало непријатно изненадување.

Обвинителите истакнале нов, најтежок аргумент:

Галилеецот себеси се нарекувал Месија, па само затоа треба да се смета за бунтовник.

„Ако го пуштиш Hero, не си му пријател на цезарот. Секој што се прави цар, противник му е на цезарот.” (Јован 19, 12)

Пилат одлично ја сфатил заканата и разбрал дека станува збор за неговата сигурност. Знаејќи ја строгоста на цезарот Тивериј, кој внимателно набљудувал каква е ситуацијата во провинциите, тој и без тоа имал основи да се грижи.

Поплаките за неговото самоволие се’ почесто стигнувале до Рим. Непријателите на прокураторот можеле да го искористат овој спор против него, а Пилат воопшто не сакал да ja загуби добрата позиција и да одговара пред легатот на Сирија или дури пред императорот.

Веќе колебајќи се, тој сепак презел последен слаб обид да влијае врз чувствата на толпата. Исус бил ставен на местото Литостротон (еврејски Гавата) и покажувајќи на него, прокураторот рекол:

– Еве го вашиот Цар!

– Земи, земи, распни го! – љвикал народот.

– Царот ваш ли да го распнам?

– Ние немаме цар, освен цезарот – одговориле архијереите. (Јован 19,13-15)

Таквата поданичка верност не му оставала избор на Пилат. Најпосле, што значи за него судбината на некојси пророк, кога на коцка е ставена неговата благосостојба?

Сакајќи да покаже дека дејствува не според Законот, туку дека ги исполнува молбите, прокураторот наредил да се донесе вода и, согласно co источниот обичај, демонстративно ги измил рацете:

„Невин сум за крвта на овој Праведник, мислете му ја вие!”

Ho луѓето и натаму викале и ниту најмалку не биле трогнати од гестот на судијата.

„Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!” — викале тие, давајќи на знаење дека се’ се врши согласно co нивното барање.

Веста за помилувањето на Исус Варава била пречекана co бурни овации, што ги прекриле зборовите на пресудата, упатени до Исус Назареецот:

„Ibis ad сrucem”, „Ќе бидеш распнат”.

Осудениот им бил препуштен на војниците.

Пренесено од книгата “Христос” од протопрезвитер Александар Мењ

Подготви М. Даниловска

 

Претходна статијаКОГА И КАДЕ ЌЕ БИДЕ ИДНИОТ СУД?
Следна статијаГОЛГОТА (Via Dolorosa)! (Патот пo кој луѓето го воделе во смрт Спасителот на светот – доловено подетално)