Почитувани

Дали хулата на Св. Дух значи навредување, негирање, гнев против Бог противење на неговата волја?

И што е тоа хула против Светиот Дух?

Во светото евангелие пишува дека цитирам ‘‘СЕКОЈ ГРЕВ И ХУЛА ќе им се прости на луѓето, но хулата против СВЕТИОТ ДУХ нема да им се прости на луѓето‘‘ (Матеј 12:13) ,‘‘Кој похули на СВЕТИОТ ДУХ , нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот Суд‘‘ (Марко 3:29).

И доколку е тоа така, досега не знаев дека хулата против светиот дух е непростив грев сите знаеме дека Бог беше распнат и воскресна за нас грешните за да не спаси зошто тогаш човек ако вистински се покае Бог не сака да му го опрости гревот ни овде туку ке биде виновен пред вечниот суд и почнувам да се прашувам каков е тој Бог што не сака да опрости грев на некој грешник што вистински се кае!

И доколку е тоа така како треба да продолжи да се живееш кога знаеш дека си направил непростлив грев и дека душата на грешниот ке оди во пеколот очајанието е поголемо и тешко се живее со мислата дека ке одиш во пекол и дека нема надеж да се спасиш.

Тогаш која е смислаата на постоење на тој грешник со таков грев?

Нели, Тој е лубов и сака сите да не` спаси, зошто тогаш има неепростлив грев и е толку престрог околу тој грев?

благодарам

 

ОДГОВОР НА ОТЕЦ ГОРАН:

Хулата против Светиот Дух е немање делотворно покајание, без покајание се спротиставуваме на божествената благодат и на тој начин сами се осудуваме.

Сето време се трудиме да биде нашата воља кога нема покајание, затоа и на Судот ќе ни рече –  нека биде вољата твоја.

 

Ја почитува нашата воља докрај, а дали ние ја бараме Неговата како во молитвата „Оче наш“!

Претходна статијаПОКАЈНА МОЛИТВА КОН ГОСПОДА!
Следна статијаГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПРОСВЕТЛИ МИ ГИ ДЕЧИЊАТА, ТЕБЕ ТИ ГИ ДОВЕРУВАМ…