Здраво. Би сакала да ве замолам за одговор, бидејќи сме во недоумица со сопругот. Во пресрет ни претстои празникот „Младенци“.
Од повозрасните разбравме дека свеките од венчавката треба да се догорат во истио храм каде што се направила и венчавката.
Дали мора таму или може и во било кој друг Божји храм?
Ви благодариме за одговорот.
Одговор на отец Горан:
Во било кој храм што ви е во близина, т.е. парохискиот храм.
Но веќе ако правилно сакаме да учествуваме во празникот, иако Младенци само народно е поврзан со светите 40 Севастиски маченици, најдобро е да се земе учество во Литургијата и да се причестиме ако претходно сме се исповедале и имаме благослов за тоа.