ДА СΤΕΚΗΕΜΕ ВНАТРЕШЕН МИР
Работата е во тоа човекот сѐ да искористи за борба;
да се потруди да стекне внатрешно тихување;
да ја искористи дури и бучавата, примајќи помисли „оддесно”.
Добрата поставеност е основата на сѐ.
Секоја
работа треба да ја покриваме co добри помисли.
Стекнувањето на внатрешното тихување среде метеж многу вреди.
Ако човек не стекнува мир во навалица, тогаш ни во мир – не наоѓа мир.
Кога во човекот ќе се всели мирот, тогаш сѐ во него тихува и ништо не му пречи.
Ho ако бара надворешен мир за да стекне внатрешен, дури и кога се наоѓа во надворешен мир, дење co прат ќе ги брка птиците, а ноќе чакалите, за да не му пречат.
Односно, ќе го брка она што му го мести ѓаволот.
A што мислевте вие? Co што се занимава ѓаволот?
Па тој сите работи ги превртува, додека и нас самите не нѐ преврти наопаку.
Bo некој скит двајца старци набавиле магаре co ѕвоно околу вратот.
Некој млад монах co тихувателен дух, негодувал поради тоа ѕвоно.
Упорно се обидувал да докаже дека, според црковните правила, не е дозволено да се чува магаре во скитот!
Останатите браќа на скитот немале ништо против тоа.
My реков на тој млад калуѓер:
“Не ни е доволно што старците не нѐ оптоваруваат co своите потреби, туку самите себе се опслужуваат co помош на тоа животинче. И уште се жалиме!”
Така, ако немаме добри помисли и ако не користиме сѐ за духовно живеење, дури и да живееме окружени co светители, ништо не ни вреди – нема да напредуваме.
На пример, се наоѓам во касарна.
Звукот на војничката труба за мене ќе биде манастирско ѕвоно, а автоматската пушка ќе ме потсетува на духовните оружја против ѓаволот.
Ако не користиме сѐ за духовно живеење, ќе ни пречи дури и едно обично ѕвоно.
Затоа што, или од сѐ ќе стекнуваме корист или корист ќе стекнува ѓаволот.
Вознемирениот човек и во пустината ќе го понесе своето вознемирено „јас”
Душата прво треба да стекне внатрешно безмолвие, наоѓајќи се сред надворешен метеж.
Само така, кога еднаш ќе најде мир и тишина /околу себе/, навистина ќе може да тихува /внатре во себе/.
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец