Мајката Црква во Константинопол ја прегрна Охридската Архиепископија во единство (09.06.2022 07:29)
Константинопол, Градот на Богомајката, окото на светот, престолнината на ромејската цивилизација, Новиот Рим, кој ја напои сета вселена со Божественото учење и спасителните догми и го просветли светот со премудрост вишна и земна, не престанува да блеска и денес со евангелската и духовна светлина, преку првопрестолната Мајка Црква, Вселенската Патријаршија.
Од нејзиното седиште во Фенер, таа продолжува да свети како вистински фенер за целата православна екумена.
Токму од неа, од светата Константинополска Патријаршија, возглавена од мудриот Вселенски Патријарх, Неговата Сесветост, Архиепископот на Новиот Рим г. г. Вартоломеј, денес на нашата славна Охридска Архиепископија ѝ заблеска благословот на единството со сета полнота на едната, света, соборна и апостолска Црква.