Божикен пост

Овој  пост е востановен во чест на
раѓањето на Господа Исуса Христа.  Телесниот пост се исполнува вака:

во понеделник, среда и петок не се јаде масло и вино;

во четврток и вторник се дозволува масло и вино,

а во сабота и недела масло, вино и риба.

Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува
масло, вино и риба.

Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува
масло и вино.

Ако е голем празник во среда и петок се допушта, покрај масло, и риба.

Ако
падне ден на црковна слава во среда и петок, се дозволува масло, вино и риба.

……………..

Свети Григориј Палама за севкупниот пост

Павле, повторно, вели: пред Бога не се праведни оние, што го слушаат законот, туку ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат законот (Рим 2, 13). Господ, пак, на двајцата им вели: Кога го знаете ова, блажени сте, ако го извршувате (Јован 13, 17).

Браќа, да дојдеме со посредство на прекрасни дела до даровите на постот и добрите дарови на воздржанието; со добрите дела да ја потврдиме својата добра волја кон нив (постот и воздржанието).

На дело да покажеме какви плодови донесуваат тие, бидејќи дрвото по плодот се познава.

Меѓутоа, земјоделецот што се труди, прв треба да вкуси од плодот. Разбери што зборувам (2. Тим. 2, 6-7), вели апостолот.

Така секоја добродетел ги чисти и украсува или душата, или телото, поточно кажано – само некој дел од душата или телото.

Да речеме, молитвата и знаењето го украсуваат и чистат умот, кроткоста го зауздува гневот, целомудреноста (чистотата) ја гаси лакомоста.

Постот и воздржувањето го смируваат бунтот на телото, лудоста на гневот и ја смируваат страсната желба, создавајќи во умот чисто и ведро небо без ниту едено облаче и ја чистат душата од испарувањата кои се јавуваат како резултат на прејадувањето и затемнувањето кое оттаму доаѓа.

Благодарејќи на постот и воздржанието, надворешниот човек копнее, а во согласност со тоа колку тој копнее, внатрешниот човек се обновува, ако што вели аостолот.

Некој кажал дека преполниот желудник не раѓа истенчен ум; според тоа, сразмерно на тоа колку човекот станува истенчен со помош на постот и воздржанието, толку истенчен (просветлен) станува и неговиот ум.

На тој начин, сѐ што е прекрасно и добро, успешно се доведува до крај и завршува.

Постот и воздржанието се двојни ѕидини, и оној, кој живее внатре во нив се насладува со големо спокојство, како да се наоѓа во Ерусалим, бидејќи Ерусалим во превод значи мир.

Повеќе:  https://pokajanie.mk/2019/10/09/pred-bozhikmiot-post-palama-za-psotot/

Претходна статијаЛествица: Укори, вели апостолот, предупреди, замоли (2 Тимотеј 4, 2), а не „тепај”!
Следна статијаМИЛОСТИВИОТ САМАРЈАНИН (Митрополит Наум)