Вистински пост е и телесен и духовен
И свети Тихон Задонски многу убаво ја објаснува потребата и неделивоста на телесниот и душевниот пост:
,,Постои пост телесен , постои и пост душевен. Телесен е пост кога стомакот пости од храна и пијалоци; а душевен е постот кога душата се воздржува од лоши помисли , зборови и дела…
Полезен ни е телесниот пост, зошто ни служи за умртвување на страстите; но душевниот пост толку ни е потребен, што телесниот пост без него е безвреден.
Многумина постат со телото, но не постат со душата; многумина постат од храна и пиење, но не постат од лоши помисли, зборови и дела, и каква им е ползата од тоа?
Вистинскиот пост е воздржување од секое зло!
Значи , ако сакаш, Христијанину, постот да ти биде полезен, а ти, постејќи телесно, пости и душевно; и пости секогаш.
Како што му налагаш пост на својот стомак, наложи им и на лошите помисли и на своите желби.
Нека пости твојот ум од суетни помисли, нека пости твојата волја од лоши желби;
нека постат твоите очи од лошо гледање;
нека постат твоите уши од срамни песни и клеветнички шепотења;
нека пости твојот јазик од клеветење, осудување, хулење, лажење, мамење, од изговарање на срамни и празни зборови;
нека постат твоите раце од тепање и грабање туѓи богатства; да постат твоите нозе од одење кон лошо дело.
Клони се од зло и прави добро. Тоа е христијанскиот пост каков што бара Бог од нас. “