КАКО ДА СЕ БОРИМЕ СО ЗАВИСТА – Св. Јован Златоуст
(Од беседите на Евангелието од Јован)
Зависта е страшно зло и полна со лицемерие. Таа ја има исполнето вселената со безброј беди.
Од таа болест судовите се полни со обвинети.
Од неа произлегува страста за слава и стекнување.
Од неа се властољубието и гордоста.
Поради неа по патиштата има престапници и разбојници, а по морињата крадци. Оттука се убиствата во светот, оттука разделбите во
нашиот род.
Кое зло и да го видиш, знај дека произлегува од
зависта.
Таа навлегла и во Црквата.
Таа уште од дамнешните времиња била причина за многубројни зла. Таа ја родила љубовта кон парите (среброљубието).
Таа болест изопачила сè и ја расипала правдата. Гозбите и подароците, речено е, ги заслепуваат очите на мудрите; како узда во устата – ги сопираат
изобличувањата (Мудр. Сир. 20:29).
Таа и слободните ги претвора во робови. За неа ние секој ден беседиме, но нема никаква полза. Се покажуваме полоши од ѕверовите, ги крадеме
сиротите, грабаме од вдовиците,
ги навредуваме бедните,
на лошото му додаваме полошо. Нема веќе милосрдни по земјата
(Мих. 7:2).
Ова време сега и за нас е време за плачење или, подобро кажано, секој ден треба да си ги кажуваме овие зборови.
Ништо не постигнуваме со молби, ништо со совети и убедувања.
Затоа останува само да се плаче.
Така и Христос постапил: кога ерусалимјаните не ги искористиле многуте Негови убедувања, Тој плачел поради нивната ослепеност.
Така постапуваат и пророците. Така и ние сега треба да постапиме.
Сега е време за плачење, солзи и тагување.
И ние сега со време треба да речеме: побарајте и повикајте
да дојдат тажачки (Јерем. 9:17). Можеби, преку тоа ќе
можеме да ги исцелиме од болеста оние што преку грабеж си
градат светли домови и стекнуваат земјишта.
Време ни е да плачеме.
Но и вие, ограбени и навредени,
земете учество во мојот плач.
На својот плач додајте му ги и моите солзи.
Но да не плачеме за самите себе, туку за нив: тие не ве навредиле вас, туку себе си се погубиле. Вие за навредата ќе го добиете царството небесно, а тие за неправедно стекнатото геената.
Според тоа, подобро е да бидеш навреден, отколку да
навредуваш.
Да плачеме за нив, но не со човечки плач, туку со плачот на Свештеното Писмо, со кој плачеле и пророците.
Да заплачеме горко заедно со Исаија, и да речеме:
Тешко ви вам,
што притурате куќа кон куќа, што присоединувате нива кон нива, така што за другите да не останува место, како да сте само вие населени на земјата!
Во ушите мои – Господ Саваот рече: – тие многубројни домови ќе бидат пусти, тие големи и убави куќи ќе бидат без жители (Иса. 5:8-9).
Да заплачеме
заедно со Наума и заедно со него да речеме: тешко на оној што
го ѕида домот свој на височина!
Или, уште подобро, да плачеме за нив така како што плачеше Самиот Христос за живите
Затоа, ве молам, да плачеме без престан и ние.
А ако не е неприлично, дури и да се удираме в гради поради негрижата на
браќата и сестрите.
Да не го оплакуваме тој што веќе умрел, туку
да го оплакуваме крадецот,
користољубецот, среброљубецот,
ненаситникот.
Зошто да плачеме за умрените, на кои веќе не
можеме да им бидеме од никаква корист?
Да плачеме за оние
што сè уште можат да се променат.
Но, во исто време, додека ние плачеме, тие, можеби,
се смеат?
И тоа е за плачење, тоа што тие се смеат над она пред што би требало да се смират. Ако нив колку-толку ги трогне нашето липање, тогаш треба да престанеме да липаме,
надевајќи се дека ќе се поправат.
Но бидејќи тие остануваат бесчувствителни, и ние да продолжиме да плачеме, не просто за богатите, туку за среброљубците, лихварите и крадците.
Богатството не е зло: тоа може да се употреби и за полезни работи, ако, на пример, го трошиме на потребитите.
А зло е – љубовта кон стекнување. Таа подготвува бескрајни казни.
И така, да заплачеме.
Можеби од тоа и ќе биде некакво исправање. Ако паднатите во тој грев и не се ослободат од него, тогаш, можеби, другите нема да му подлегнат на тоа зло,
туку ќе се пазат од него.
Но, дај Боже и тие да се ослободатод таа болест, и никој од нас да не и` подлегне, па сите да се удостоиме за ветените блага, по благодатта и човекољубието
на нашиот Господ Исус Христос, Кому слава во вековите на
вековите.
Амин.