Добар ден!

Нека Св.Никола донесе смирение и благодат.

Имам едно прашање кое го пребарувам на google за светците и нивното појавување на верниците.

Одговор не најдов.

Да, ми се прикажа Светец односно Светица На сред бел ден – Св.Петка во новата црква во Кавадарци.

Ми прозборе.

Грешник сум, а од секогаш Верник.

Немам уште Покајание. Како ли го заслужив тоа Божјо чудо!

Ја видов целата во блескава Светлина лицето и сјјеше со посебна Светлина…

О Боже Мој, која ли заслугата што ми дозволи да ја видам Светицата! Никогаш не ме оставај биди со мене Секогаш и во вечни Векви Амин.

Ве молам за каков и да е одговор од почитуваниот отец Горан кој редовно го читам со одговорите.

 

Одговор – отец Горан

 

Св. Јосиф Спилеот нѐ советува од тоа ништо да не прифаќаме, туку да продолжиме со покајната молитва,

Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот/ата,

и воопшто да не се впуштаме во толкување на тие виденија.

Најдобро да си го восогласиме нашиот живот со литургискиот ритам, пост, молитва, исповед и причест.

Философ е оној што не верува во соништа и виденија вели, св. Јован Лествичник.

Претходна статијаСредба со бесмртниот Бог
Следна статијаСтарец Ефрем Филотејски (…веруваат дека Старец Ефрем бил обдарен со пророчки дар)