1. Макало со буковец – едноставно и лесно за подготовка.
Состојки:
3 лажици буковец. Може да се помеша благ и лут буковец.
Неколку чесниња лук.
Се преливаат со малку врел зејтин ( може и без зејтин, на вода, ако е ден на строг пост) и се додаваат:
2 лажици таан.
2 лажици доматен сос или кечап,
250 грама мелени ореви (јас го спремам без ореви),
Сол и црн бибер по вкус.
Доколку е многу густо може да се додаде уште малку врел зејтин или вода за да се добие саканата густина.
Доколку сакате поголема количина диплирајте ги состојките.
Брзо и превкусно!