Старец Сампсон – ЗА ПРОСТУВАЊЕТО)

Тоа што многу силно ме растажува е нехристијанското срце, лошото срце, кое не сака да прости.

Срце кое Му се противи на Бога, зашто не сака да прости и нема намера да простува, од една страна има дрскост и понатаму да ја изговара молитвата Господова;

„….И прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги простуваме на нашите должници…,“ а од друга, со срцето и умот војува со ближниот.

Кога тоа кај вас го гледам, толку се депримирам, што ништо не ми се смилува, зашто надворешната форма не му е никому потребна, а камоли на Бог.

Тогаш, секогаш ми доаѓа оваа мисла на ум – Значи, се` уште не сфатиле дека сета тајна, сета срж на христијанството е – да се прости, да се оправдува, да не се знае за зло и да не се памети.

Не гревот, туку злото!

Пијаницата, блудникот, горделивецот, ќе стекнат милост Божја, но оној кој не сака да прости, сосема свесно се потиснува себе си пред Бога за век и веков, а за сегашниот момент и да не зборуваме!

Тој бидува отфрлен и неуслишан…

Гордиот човек е неспособен да простува. Тој не сака да прости, па прашува:

– Зошто другите може да не простуваат, па сепак се молат и примаат Причест?

Зошто инсистирате токму јас да простувам, па дури тогаш да се исповедам и причестам?

Тоа е гордо, нехристијанско самољубие, кога некој не сака и нема намера да проштева и да љуби…

Превод: Мина Даниловска

 

Претходна статијаСПЕЦИЈАЛИТЕТ, А САМО ОД БУКОВЕЦ – ПОСНА ТРПЕЗА (Едноставно и брзо)
Следна статијаАКТОТ НА ЉУБОВТА – Архимандрит Софрониј