Имам прашање до свештеникот Горан
Неодамна, во неврзан разговор со близок пријател, се осудив да му го кажам мојот став во врска со едно горливо прашање во денешно време, а кое се однесува на лицата со хомосексуална определба.
Едноставно, му кажав на пријателот, дека таквите лица не се на патот на спасението, дека „хомосексуалните бракови“ се сатанска замка и стапица, дека никогаш не би се појавила на ЛГБТ парада и дека иако непопуларен, мојот став е декатоа не е правилно.
Мојот пријател ми рече дека ги судам овие лица (хомосексуалците) и ми го цитираше делот од Евангелието во кој Христос вели:
„Тој што нема грев, нека го фрли првиот камен“.
Дали е осудување/грев да се има став дека хомосексуалноста е грев?
Одговара отец Горан Стојчевски
Да тргнеме од крајот, па да стигнеме до почетокот на прашањето.
Да се има став дека хомосексуалноста е грев, не е осудување, оти е грев, тоа добро го образложил свети апостол Павле во посланијата.
И, Христос јасно кажал, повторувајќи ги зборовите од Писмото, човек ќе го остави таткото свој и мајката своја и ќе се придружи кон жената, та обајцата да бидат една плот во светата тајна венчавање, тоа е природното, сѐ друго е противприродно.
Второ, цитатот со кој ќе се браниме и е изваден од контекст може да нѐ удри на следниот свиок од животот кога знаеме нешто што правиме е дека против совеста, или е злодело, а да се оправдаме со тој цитат, или фразата, само Бог може да ми суди.
Дека се надвор од спасението јасно ни е посочено и низ посланијата и во откровението дека блудниците, мажоложниците итн.итн. нема да го наследат Божјото царство.
И, би споменале дека ние не го мразиме човекот што избрал, како што избрал, туку го мразиме гревот, и тој човек не отпаѓа од нашите молитви за да биде помилуван, но не го одобруваме очигледниот грев, но сепак низ молитвата се надеваме дека ќе пројави покајание кај оној што го чини, а и покајанието е милост Божја.