УСПЕСИТЕ НА ДЕМОНИТЕ

Просветлен со очите на срцето светителот Нифонт можеше да ги ГЛЕДА и слуша демоните како одат за да ги искушуваат луѓето.

Им приоѓаа и им шепотеа секакви лукавства , потикнувајќи ги на разни гревови.

А луѓето зашеметени од световните грижи и суетата, не насетуваа дека тоа што размислуваат е демонско дејство. Така, помислите ги примаа како да се нивни – сопоствени.

И откако доволно долго ги потхрануваа во главата, паѓаа во најразлични гревови – некои во гнев, други во осудување, трети во злопамтење, четврти во кавга или во нешто друго.

Гледајќи го тоа , слугата божји Нифонт, ми зборуваше во тага:

„Ах итреци !

Се осилија несреќниците, па им заповедаат на луѓето! Ах смрдливи измамници!

Погледни само како сеат раздор меѓу луѓето.

А овие па, (луѓето) верувајќи дека сите мисли доаѓаат од нивниот СОПСТВЕН УМ, без расудување ги остваруваат во истиот момент…

Можат ли да се толку безумни? Зар без збор и непромислено работат се што им советуваат демоните?

Ете зошто, ништо не треба да правиме пред да ги испитаме своите помисли.

Свети Нифонт

Претходна статијаЧУДАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (извадок)
Следна статијаАктуелности од православниот свет