Некој монах го запрашал старец Клеопа:
Што да направам оче Клеопа, за да би се спасил?
Имај ја секогаш смртта пред себе и „Господе Исусе“ во умот и срцето,
и не се плаши повеќе од ништо!
Имај го покајанието на разбојникот на Крстот!
Исто така им говореше на браќата:
Се е пролазно! Грижете се за душата, исповедајте се, водете чист живот, извршувајте милосрдни дела и живеете во љубов едни со други, зашто ЉУБОВТА никогаш не умира!
На другите отци им кажуваше: Од пеколот не може никој да те извлече , освен Милоста Божја и добрите дела.
– Зборуваше: Имајте спрема Бога синовско срце,
спрема себе ум на судија
и спрема ближните – мајчинско срце!