Свети Григориј Ниски:
Зашто, каква полза има да не јадеш месо, а да го јадеш брата си со злоба?
Каква придобивка има од тоа да не го јадеш своето, а да брзаш кон туѓото?
Какво е тоа благочестие: да пиеш вода, а да копнееш за крв?
И Јуда постел со единаесетте, но кога не го скротил среброљубието, не постигнал никаква полза од воздржувањето.
+++
Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички:
Љубомудрието нека биде раководство за животот на христијанинот и душата нека ги избегнува пристапите на злото, зашто ако се воздржуваме од месо и вино, а грешиме со срце и волја, однапред сведочам и претскажувам, никаква полза нема да ни причинуваат водата, овошјето и посната храна штом немаме внатрешно расположение кое ќе одговара на надворешната устроеност.
Постот е поставен за чистота на душата.
Но, ако тој се осквернува од спротивен род, од разгневеност и дела, напраз-но ја испиваме водата што ја пиеме.
Каква полза од телесниот пост, ако умот е нечист?
Каква полза, ако кочијата е здрава и устроена, а кочијашот е болен?
Каква полза, ако коработ е солиден и устроен, но кормиларот е пијан?
Постот е основа на добродетели кои тежнеат кон спасение!