Човековиот живот е непрестајна борба и постојано искушување.

 

Поради тоа мораш секогаш да бидеш буден и да внимаваш срцето по секоја цена да ти биде мирно и спокојно.

Кога во душата ќе ти се појави вознемиреност, веднаш стиши ја за под нејзино влијание да не скршнеш од патот.

Штом ќе се вознемири срцето, во целото наше битие настанува хаос, па умот го губи правилното расудување.

Затоа е неопходно да се смири срцето веднаш штом нешто надворешно или внатрешно, било на молитва или во кое било друго време, ќе го вознемири.

Треба да знаеш дека само тогаш ќе можеш правилно да се молиш, кога ќе научиш да го чуваш својот внатрешен мир.

Затоа труди се тоа да го постигнеш и секое свое дело извршувај го во срдечен мир, со задоволство и радост.

Чувањето на срцето треба да биде непрестаен подвиг, целиот твој живот, и никако не смееш да дозволиш што било грешно да го вознемири.

Сите твои дела нека бидат во знакот на тој мир и кроткост, како што е напишано:

„Сине, извршувај ги своите дела во кроткост“, за да бидеш удостоен со ветувањето на Спасителот:

„Блажени се кротките, бидејќи тие ќе ја наследат земјата“.

Свети Никодим Агиорит

Претходна статијаБраќа мои, молете и` се на Божјата Мајка!
Следна статијаСтарец Сампсон – МЕ РАСТАЖУВА СРЦЕ КОЕ НЕ САКА ДА ПРОСТИ!