Тоа што многу силно ме растажува е нехристијанското срце, лошото срце, кое не сака да прости.

Срце кое Му се противи на Бога, зашто не сака да прости и нема намера да простува, од една страна има дрскост и понатаму да ја изговара молитвата Господова;

„….И прости ни ги долговите наши, како што и ние им ги простуваме на нашите должници…,“а од друга, со срцето и умот војува со ближниот.

Кога тоа кај вас го гледам, толку се депримирам, што ништо не ми се смилува, зашто надворешната форма не му е никому потребна, а камоли на Бог. Тогаш, секогаш ми доаѓа оваа мисла на ум

– Значи, се` уште не сфатиле дека сета тајна, сета срж на христијанството е – да се прости, да се оправдува, да не се знае за зло и да не се памети.

Не гревот, туку злото!

Пијаницата, блудникот, горделивецот, ќе стекнат милост Божја, но оној кој не сака да прости, сосема свесно се потиснува себе си пред Бога за век и веков, а за сегашниот момент и да не зборуваме!

Тој бидува отфрлен и неуслишан…

Гордиот човек е неспособен да простува. Тој не сака да прости, па прашува

– Зошто другите може да не простуваат, па сепак се молат и примаат Причест?

Зошто инсистирате токму јас да простувам, па дури тогаш да се исповедам и причестам?

Тоа е гордо, нехристијанско самољубие, кога некој не сака и нема намера да проштева и да љуби…

Превод: Мина Даниловска

Претходна статија„Блажени се кротките, бидејќи тие ќе ја наследат земјата“.
Следна статијаЗарем и оваа година Господ нема да ја услиша мојата молитва?