Здраво почитуван отец Горан.
Мајка сум на 23 годиШен син кого премногу го сакам, дури и премногу како и секоја мајка.
Верувам во Бог, постам редовно и одам на причесна .
Се молам секој ден децата да ми се живи и здрави
.Но имам голем проблем.
Секогаш за некој голем празник, Велигден,Св Георги, Благовец ,…. син ми се чуствува многу лошо, многу му е тешко , не може да ги совлада негативните мисли , се труди но не му успева …тоа трае до два дена, потоа е пак по старо како негативните мисли едноставно исчезнуваат се додека не дојде друг празник…“
Мене ми е многу, премногу тешко, душава ми се кини на милион парчиња ,секој празник го исплакувам .
Помислувам да направиме молитва за здравје, дали е во ред ?
Што да сторам?
ОДГОВАРА ОТЕЦ ГОРАН:
Христос Воскресе!
Она што вие го правите, го правите за реализирање на личен однос со Бога, за единство со Него, но и секој од нас (и вашиот син) треба да се потрудиме доколку сакаме да одговориме на повикот на Божјата благодат дадена во нашето крштевање.
Тогаш треба сите според силите и благословот од духовниот отец да се исповедаме, постиме и молиме и причестуваме, но тоа да го сакаме од сѐ срце, а не само за да добиеме нешто, макар и спасение.
Нашата цел е да бидеме со Бога, Кој секогаш дава според трудот во молитвата и чистотата на срцето, а и тоа дело е во содејство и поттикнато од Бога.
Затоа, исповедта треба да биде искрена, и ништо да не се сокрива.
Исповедта е почеток на исцелението и она што го нарекувате здравје.
Поздрав и секое добро во Воскреснатиот Господ.