Ќе ги погледнеме канонските прашања на неговата светост – патријархот Александриски Марко и одговорите, кои на нив ги даде познатиот Византиски толкувач на црквените правила , неговата светост, патријархот Антиохиски Теодор Валсамон.

Манастир Хиландар:

Сопружниците се должни и пред разрешувањето на нивната неплодност , строго да внимаваат и да ги чуваат правилата Црковни, кои што се за сопружниците востановени , а на име:

сопружничките постели , треба одделени една од друга да бидат, во ноќите воочи празничните и неделните денови,

воочи среда и петок,

за време на сите четири поста кои Црквата ги востановила, а особено, за време на Великата Четириесетница , т.е. Великиот Пост.

Останатото време, пак, можат во чедност и во страв Божји да го употребат на сопружничкиот живот.

Зашто, Бог на човекот му даде жена, како помош за заедничкиот живот и ги благослови и им рече:

„Растете и множете се“, но, не заради похотта на сладострастието кое не знае ни време ни мерка во своето невоздржание.

(„ Упатства на неплодните сопружници“, Света Гора 1966.)

Претходна статијаЗа воздржувањето на брачните односи за време на пост! (кратка поука)
Следна статијаМолитва кон Св. Василиј – ЗБРАТИМИ ГИ РАЗБРАТЕНИТЕ!