СОСТОЈКИ:
200 грама печени пиперки и исчистени.
50 грама излупени лешници .
(2) Две кришки леб. Ако ја правите паштетата на масло, пред да ги потпечете кришките премачкајте ги со маслиново масло или со маргарин и печете ги додека заруменат, доколку паштетата ја правите на вода само ги потпечувате да заруменат.
½ лажица чили.
Лукче 3-4 чесниња.
Сол и оцет по вкус.
75 милилитри вода или ако ја правите на масло 75 мл маслиново масло
Лешниците се потпечуваат и се мелат или блендираат заедно со лебот, пиперките, лукчето, оцетот и солта.
Ако паштетата ја правите на вода се додава вода додека ги миксирате овие состојки се` до добивање на сакана густина, ако пак ја правите паштетата на масло додавате маслиново масло.
Уживајте!