Од придавање важност на себеси доаѓа умисленоста, а заради умисленоста одстапува благодатта: зашто му е омразен на Господа секој кој е со гордо срце.

Од вообразеноста произлегуваат две работи: фалбаџиство и осудување на другите.

Тоа е злобна тројка (три впрегнати коњи), која ита во пропаст.

Тие диви коњи треба да се спрегнат и скротат.

Така ќе се оствари она: потивко одиш, подалеку стигнуваш.

… Не треба премногу да се занимаваш со себеси.

Светите Отци велат: „Не мери се себеси“… Најдобра мерка за себеси е: “Нема ништо“…

Господи, дај ми да направам добар почеток!..

Господи, Кој со сите управуваш, спаси ме!

Изгонувајте ја секоја мисла за мерење на себеси, и заборавајќи што било – како воопшто да не ни било – и одете напред.

Зашто ѓаволот наведува на тоа да се мериме себеси, за да би пробудил умисленост и потполно би ја упропастил работата.

Секогаш говорете си себеси: „Ништо нема, нема што да се мери“.

Придавањето на вредност на себеси и губењето на благодатта секогаш се нераздвојни.

Господ ги одвраќа Своите очи од оној кој се вообразил… А по отстапувањето на благодатта не следи секогаш пад.

Следи само оладување, лоши движења и неотпорност против страстите, не во смисла на пад во страсни дела, туку во смисла на поматеност на срцето: на пример, некој ќе каже непријатен збор… и срцето ќе се распламти со гнев…

Свети Теофан Затворник”

Претходна статијаПаштета од лебни трошки (презла) и нане!
Следна статијаПричеста не е награда за еднонеделен пост…! (кратка поука)