Дома Вести Треба ли да се пости утре на Богојавление бидејќи е петок? Отец...

Треба ли да се пости утре на Богојавление бидејќи е петок? Отец Бобан ја разрешува дилемата!

0
927

Меѓу луѓето се појави дилема дали утре на Богојавление – Водици треба да се пости ли не, бидејќи се паѓа во петок.

Знаеме дека кога ќе се падне слава на голем светител во среда или петок, истата треба да биде посна, но дали тоа важи за Богојавление – Водоци?

Дилемата ја разрешува свештеникот во МПЦ, отец Бобан Митевски, еве го неговото објаснување:

“Бидејќи се добива впечаток од разните реакции и дискусии дека има дилеми, па дури и погрешно информирање, околу тоа дали годинава на празникот Богојавление – Водици (19.1) трпезата треба да биде посна или мрсна (паѓа во петок) – треба да се знае дека овој празник, без разлика во кој ден ќе падне, секогаш е мрсно.

Утрешниот ден, пак, Собор на свети Јован (20.1), ако падне во среда или петок – е посно.”

https://www.facebook.com/boban.mitevski/posts/10156930579532786