Понекогаш кога ќе застанеш да се молиш, веднаш почнуваш да се молиш добро, а понекогаш – многу се трудиш, а никако не успеваш да ја постигнеш саканата цел.
Ова бива затоа што треба уште поусрдно да ја бараш вистинската молитва, тогаш ќе добиеш сосема исправна молитва, која нема да биде во опасност да биде поткрадувана.
Не моли се да биде како ти што сакаш, зашто нашите желби не се секогаш согласни со Божјата волја. Моли се и говори така, како што си научен:
„Да биде Твојата волја“ (Матеј 6,10), а не мојата!
За се` така моли Му се на Бога зашто Он секогаш го сака она што е добро и корисно за тебе, а ти не секогаш го бараш тоа во твоите молитви.
+++
Многу пати и јас, молејќи се, просев да ми биде онака, како што ми се чинеше најдобро за мене и настојував Бог да ми ја исполни прозбата, сакав да ја принудувам Божјата волја, а не му се предавав на Бога:
Он да го направи тоа што Он знае дека е корисно за мене.
И го добивав од Бога она што го барав, а потоа имав големи маки токму затоа што не Му се молев на Бога да биде според Неговата волја.
Работите ми се покажуваа такви, какви што јас не ги замислував.
Преподобен Нил Синајски
извадок: Добротољубие