Боже! Творецу и Владико на светот!

Погледни, во овие утрински часови, милостиво кон Твоето создание, украсено со Твојот божествен образ: да ја оживее, да ја просвети Твоето око, кое е безброј пати посветло од сончевите лачи, мојата темна и умртвена од гревот душа.

Тргни го од мене унинитето и мрзеливоста и дарувај ми веселие и душевна бодрост, та во радоста на своето срце да ја славам Твојата благост, светост, Твоето безгранично величие, Твоите бескрајни совршенства, секој час и на секое место.

Зашто ти си мој Творец и Господар на мојот живот, Господи, и на Тебе ти прилега слава од Твоите разумни созданија секој час, сега и секогаш и во веки веков.

Амин!

Претходна статија`Неговиот грев си го видел, но покајанието – не`!
Следна статија„да“, „не“ и „почекај“….(кратка светоотечка поука)